Во Куманово уплатено лото-ливче со добивка од 100.000 евра
19.06.2017 10:39
| KumanovoNews
Во Куманово е уплатено лото-ливче, чија добивка изнесува 6 милиони денари, извлечено во последното коло на наградната игра лото на Државната лотарија на Македонија.

Уплатата е извршена на местото Кеопс, кое се наоѓа спроти Фондот за здравство во Куманово.
Среќниот добитник уплатил четири комбинации од по 20 денари и еден Џокер број од 20 денари со што вкупната уплата на играчот изнесува 100 денари. Добитна беше третата комбинација, а среќните броеви кои донеле 100.000 евра се: 6, 10, 15, 20, 25, 30 и 34.