Во наредните два дена делови од Куманово ќе бидат без струја
Денеска без електрична енергија ќе остане едно липковско село, а утре и во среда прекини во снабдувањето ќе има и во повеќе делови од Куманово.
Денеска, од 08:00 до 14:00 часот, планиран прекин ќе има во селото Отља.
Утре, од 08:30 до 14:30 часот, без струја ќе бидат улиците „Боро Прцан“, „Сава Ковачевиќ“, „Србо Томовиќ“, „Милан Лисица“, „Осогово“, „Осоговска“, како и дел од улицата „11 Ноември“ кај маркетот „Селман Туризам“.
Во среда, од 06:00 до 06:30 часот, без електрична енергија ќе остане населбата Перо Чичо, месноста Багрем Бања, населбата Карпош со индустриската зона, дел од улицата „Моша Пијаде“, зградата „Престиж Плус“, месноста Стари Лозја и дел од улицата „Октомвриска револуција“ спроти „Браво Кеј“.
Исто така, во среда од 08:30 до 14:30 часот, струја ќе нема во ООУ „Христијан Карпош“ и на улиците „Милентие Поповиќ“, „Ратко Митровиќ“, „Радоје Димиќ“, „Веселин Маслеша“, „Бранко Радичевиќ“, „30-ти Јули“, „Иво Андриќ“, „Стево Филиповиќ“, „Михајло Пупин“, „Будимир Димковски“, „Руѓер Бошковиќ“ и „Благој Пецкалија“.