Во прекин сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка
10.09.2024 15:56
| KumanovoNews
Регионалниот патен правец Куманово – Крива Паланка, поради сообраќајна незгода помеѓу товарни моторни возила е во прекин до траење на увидот, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на другите државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.