Во семејна расправија со нож прободени братучеди
03.05.2017 14:19
| KumanovoNews
Двајца браќа од липковскот село Ропаљце се борат за живот на Скопските клиники откако во семјна расправија со нож ги проболе нивните братучеди.

Крвавата пресметка се случила синоќа околу 20.00 часот, кога при семејна расправија, Л.О.(19) и неговиот 17-годишен брат им нанеле убодни рани на нивните братучеди, нa браќата Х.О.(31) и Х.О.(29).
Повредените се неконтактибилни и по укажаната медицинска помош во Општата болница Куманово биле префрлени во Клинички центар Скопје.
Двајцата напаѓачи биле приведени.
СВР Куманово презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот.