Во среда ќе се одлучува за мандатите на градоначалниците
Уставниот суд во среда на 10 мај ќе ги разгледува двете иницијативи за укинување членови од Законот за локална самоуправа и од Изборниот закон со што ќе се овозможи да се продолжат мандатите на градоначалниците и советниците.

Поднесители на иницијативите се Министерството правда и Светскиот македонски конгрес и со нив се бара бришење на членовите од Законот за локална самоуправа кои го ограничуваат мандатот на четири години.
Проблемот со мандатите на локалните избраници настана поради политичката криза во државата и ненавременото распишување на локалните избори. Мандатите на градоначалниците и советниците првично се продолжени до 15 мај со надеж дека до тогаш ќе се одржат изборите, но тоа не се случи поради неконстиурање на Собранито.
Доколку не се продолжи мандатот на градоначалниците и советниците ќе се блокира работата на локалните самоуправи и општинските институции.
Дел од правниците сметаат дека иницијативата за укинување на членовите од законот и продолжување на мандатите е неуставна.