Мени

Нападнати партиски активисти додека делеле изборен материјал во Средорек

16.10.2025 16:20 | KumanovoNews

Политички активисти од една партија нападнале активисти од друга партија додека делеле изборен материјал во населбата Средорек во Куманово.

Нападнати партиски активисти додека делеле изборен материјал во Средорек

„Денеска околу 11:40 часот, А.К. (32) и И.С. (33), двајцата од Куманово, пријавиле дека во населбата Средорек, додека делеле изборен материјал за една политичка партија, С.С. и Р.Ш., членови на друга партија, агресивно се однесувале кон нив и им упатувале закани, по што Р.Ш. физички ги нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и во координација со јавен обвинител против нив ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти МВР.

Кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Мартин Костовски, обвини дека нападот го извршиле членови на штабот на партијата ЗНАМ и кандидатот за советник Самет Салиевски, пред одржување на нивниот мини-митинг во Средорек.

„Случајот веднаш го пријавивме во полиција и очекуваме да се преземат сите потребни мерки за да се спречи политичкото насилство врз неистомислениците,“ изјави Костовски.