×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во тек е исплатата на образовниот додаток за третиот квартал

    20.05.2022 14:38 | KumanovoNews

    Министерството за труд и социјална политика, известува дека во тек е исплатата на образовниот додаток за трет мерен период за учебна година 2021/2022 година во која се опфатени вкупно 32.403 корисници на ниво на држава.

    Во тек е исплатата на образовниот додаток за третиот квартал

    Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната  календарска година, за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули  во тековната календарска година.

    Висината на додатокот за образование за ученици во основно училиште изнесува 737,00 денари месечно, односно 2.211,00 денари по мерен период. Висината на додатокот за образование за ученици во средно училиште изнесува 1.053,00 денари месечно, односно 3.158,00 денари по мерен период.