Водоснабдувањето на седница на Совет
11.01.2010 11:20
| KumanovoNews
Советот на Општината Куманово утре ќе одржи Седница на која ќе ја разгледува состојбата со водоснабдувањето на градот.

На Седницата ќе присуствуваат и директорите на двете јавни
претпријатијa „Водовод„ и „Водостопанство Кумановско-липковско поле„ и ќе поднесат извештај за причините поради кои градот остана без вода за Новогодишните празници. Како втора точка на дневниот ред е Предлог-одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за управување со отпад во Североисточниот регион со назив „Еко-Зона„.