Мени

Водоводни дефекти има на две улици

04.07.2013 08:33 | KumanovoNews

Водоснабдувањето утрово е прекинато на две улици во градот, известуваат од ЈП“Водовод“.

Водоводни дефекти има на две улици

Без вода за пиење се граѓаните од улиците “Карадачки одреди„ и “Христијан Тодоровски - Карпош“. На овие локации дефектите ќе бидат отстранети во најкус можен рок.

Други прекини засега не се регистрирани на подрачјето на Куманово.