Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советот на Општина Куманово денеска ќе одржи вонредна седница за состојбата и превзмените мерки за гаснење на пожарот на депонијата Краста.
Предлогот за одржување на итната седница е на опозицијата во Советот, СДСМ и коалицијата.
Советниците ќе побараат од надлежните институции информација и за преземените мерки за отстранување на штетните последици по здравјето и имотот на граѓаните.
На седницата се поканети директорот на ЈП “Чистота и зеленило“, претставници на МВР, инспекциските служби за заштита на животна средина, месните заедници на селата Пчиња, Студена Бара и Вак`в и други.
Пожарот во депонијата Краста, каде се изнесува сметот од Куманово, избувна пред три дена, а непријатната миризба и загушливиот чад најмногу се чувствуваат во котлината на селата Пчиња, Студена Бара и Вак’в, но и на периферијата на градот.
Жителите на Пчиња и околните села излегоа на протест и го блокираа изнесувањето на сметот од градот, со обвинување дека надлежните не преземале доволно мерки за да се спречи пожарот.