Возач со автомобил удрил во жена и побегнал
02.11.2024 13:57
| KumanovoNews
Педесет и тригодишна жена е тешко повредена откако вчера ја удрил автомобил на локалниот пат во село Љубодраг.

Несреќата се случила околу 16.50 часот на локалниот пат во село Љубодраг, кумановско, кога патничко возило удрило во пешак - С.Н.(53) од село Љубодраг, а потоа возачот го напуштил местото на настанот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Н., констатирани во Општата болница во Куманово. За настанот е запознат надлежен ЈО и бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.