Вработена во обложувалница осомничена за проневера од 1.000 евра
10.02.2025 16:15
| KumanovoNews
Вработена е осомничена дека проневерила пари од каса на спортска обложувалница.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,затајување’’. Пријавената, како вработена во спортска обложувалница во Куманово, на 25. декември, 2024 година, од касата одзела 61.000 денари“, соопшти МВР.