Вторник неработен за православните верници
14.01.2010 14:28
| KumanovoNews
Вторник, 19 јануари е неработен ден за верниците од православната вероисповед во земјава. Тогаш се прославува христијанскиот празник Богојавление – Водици.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 19 Јануари (вторник), Богојавление (Водици), е неработен ден за верниците од православната вероисповед во Република Македонија.