Второ прскање од земја против возрасни форми на комарци
01.07.2024 18:32
| KumanovoNews
Ноќеска на полноќ на територија на Општина Куманово ќе започне прскањето од земја против возрасни форми на комарци.

„На 2 јули со почеток во 00:00 часот, ќе започне третман со терестична адултицидна дезинсекција против возрасна форма на комарци. Прскањето ќе се реализира со препаратот со активна материја делтаметрин - „АКВА КОТРИН“. Се известуваат пчеларите да ги заштитат пчелните семејства“, велат од Општина Куманово.
Доколку временските услови се неповолни, третманот ќе се одложи за нареден ден.