За еден денар поевтинуваат бензините и дизелот
28.07.2025 13:12
| KumanovoNews
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, како и на еуродизел (Д-Е V) од полноќ се намалуваат за 1 по литар, а екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поевтинува за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на еуросупер БС – 95 ќе биде 74 денари, еуросупер БС – 98 ќе се продава за 76, еуродизел (Д-Е V) за 70,50, а екстра лесното 1 (ЕЛ-1) по 70,50 денари за литар.
За 0,746 денари поевтинува и мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 39,412 денари.