×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За над милион евра продаден дел од хотелите Кристал, Куманово и Ку-Ба

    22.02.2024 10:29 | Сузана Николиќ

    Фирмата „Југоопрема“ А.Д. Скопје купи дел имотот на АД „Бисерка“, во стечај, откако на вчерашното Собрание на доверители, нивната понуда на јавниот повик за трите пакети во вкупен износ од над 1 милион евра била прифатена за најповолна.   

    За над милион евра продаден дел од хотелите Кристал, Куманово и Ку-Ба

    Првиот пакет, кој се однесува на приземјето на некогашниот хотел „Куманово“ со површина од 349 м2 е продаден за 20.5 милиони денари или 330.000 евра.

    Вториот пакет за хотел „Кристал“, во кој спаѓа подрумот и приземниот дел на хотелот со површина од 1.585 метри квадратни е продаден за 46,5 милиони денари или 750.000 евра. 

    Додека за третиот пакет, помошните простории на хотел Ку-Ба со површина од 334 м2, кои некогаш се користеле како соблекувална на отворениот базен, продадени се 2,6 милиони денари или 25 илјади евра.

    Собранието се одржа вчера во Велешкиот суд, a пристувале 74 отсто од доверителите, претставници на Државен правобранител, ПИОМ, ФЗО и приватни фирми, кои дале целосна поддршка за продажба на имотот.

    Судот сега треба да донесе решение за прифатените понуди и да го задолжи купувачот во рок од 8 дена да изврши уплата зголемена за ДДВ, со што ќе се спроведе продажбата и имотот ќе биде префрлен.

    Ова беше втора продажба на овие објекти, првата поради ниската цена не беше прифатена од доверителите. 

    Имотот на АД „Бисерка“, кој се наоѓа на атрактивни локации во центарот на градот,  со години се распаѓа. Досега целосно е приватизиран хотелот Куманово, продадена е и кафеаната „Ловец“, додека останатиот имот на Кристал, Ку-Ба и другите објекти, ќе се продаваат дополнително, откако по завршена судска постапка имотот катастарски ќе се пренесе на АД „Бисерка“, во стечај.