Загина 21-годишен кумановец, со мотор излетал од патот во селото Длабочица
03.11.2025 09:42
| KumanovoNews
Дваесет и едногодишен кумановец вчера загинал, откако со мотор излетал од патот во селото Длабочица, Старо Нагоричане.
Од задобиените повреди починал на лице место.
„Вчера во 17.25 часот беше пријавено дека во селото Длабочица се случила сообраќајна незгода. Во несреќата на лице место починал А.Д.“, соопшти МВР.
Полицијата извршила увид на местото на настанот.






