Мени

Загина 25-годишен возач, удрил во куче па во друго возило на магистралниот пат кај „Смилчинци“

16.02.2026 11:21 | KumanovoNews

Возач на автомобил загина во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка, на м.в. „Смилчинци“. 

Загина 25-годишен возач, удрил во куче па во друго возило на магистралниот пат кај „Смилчинци“

Несреќата се случила синоќа околу 19 часот, кога автомобилот по ударот во животното преминал во другата лента и директно се судрил со друго возило.

„На 15 февруари околу 19:05 часот било пријавено дека на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, во општина Старо Нагоричане, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од с. Нерав, кривопаланечко, удрило во куче-скитник, по што преминало во спротивната сообраќајна лента и директно се судрило со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки ознаки, управувано од Ф.Ј.(27) од с. Длабочица, кривопаланечко“, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило „бмв“, А.С.(20) и С.Ј.(53), двете од Крива Паланка. Повредите биле констатирани во Општа болница Куманово, каде што возачот С.Т. им подлегнал на повредите.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид извршила увидна екипа од СВР Куманово.