Загина возач на камион, паднал во провалија кај Крива Паланка
21.01.2026 13:00
| KumanovoNews
Возач на камион од Косово утринава загинал откако со товарно возило излетал од магистралниот пат Граничен премин Деве Баир – Крива Паланка.
Несреќата се случила во 04:50 часот, во атарот на селото Узем, кривопаланечко, кога товарно возило „Сканиа“ со косовски регистарски таблички, управувано од Н. Х. (56) од Косово, излетало од патот и паднало во провалија.
„Од здобиените повреди, возачот Н. Х. починал на местото на несреќата, а лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.