×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заматената вода се испушта во канализациската мрежа, доводниот цевковод е затворен, велат од „Водовод“

    22.05.2024 11:22 | Оливера Пешевска

    Поради безбедност и здравјето на населението во Куманово, водата која што е со зголемена матност се испушта директно во канализационата мрежа, доводниот цевковод е затворен, што ќе доведе до недостиг на вода во ситемот за водоснабдување, велат од   ЈП „Водовод“

    Заматената вода се испушта во канализациската мрежа, доводниот цевковод е затворен, велат од „Водовод“

    Надлежните од „Водовод“ ги молат граѓаните да имаат разбирање за настанатата вонредна состојба и да ја сведат потрошувачката на вода на минимум, како не би дошло до поголем недостиг на вода за пиење.

    „Ве известуваме дека на ден 22 мај,  околу 5 часот наутро од страна на вработените во Одделение за водоснабдителни објекти, кои своите работни задачи ги извршуваат во Фабриката за вода - Филтер станица, во Куманово е забележан дотур на вода од хидромелиоративниот ситем Липково-Глажња со зголемена матност од преку 10.000 број на преносни единици. Од страна на вработените веднаш се превземени неопходни мерки предвидени за вакви случаи, односно доводниот цевковод од Липково е затворен како не би дошло до позначителни штети на процесот на преработка на вода за пиење“, велат од претпријатието.

     Кога ќе се нормализира водоснабдувањето во градот ќе зависи кога ќе се избистри водата во браните. Во најдобар случај тоа би било за еден ден, а може да потрае и неколку дена. Во соработка со другите служби ќе се донесе одлука како ќе се постапува, прво водата да се користи како техничка, а потоа и за пиење.

    За проблемот се информирани сите надлежни државни и општински институции и во соработка со нив ЈП „Водовод“ од своја страна, ќе ги превземе сите потребни мерки и активности за безбедноста на здравјето на граѓаните на Општина Куманово.  Во Општина Куманово ќе се одржи кризен штаб на кој ќе се донесат мерки за справување со проблемот.

    За сите промени со сосотојбата за водоснабдување граѓаните ќе бидат навремено и редовно информирани.