Зимски саем на мед во „Ла плаза мол“ Куманово
Во холот на трговскиот центар „Ла плаза мол“ утре и задутре /5 и 6 декември/ ќе се одржи Зимски саем на мед.
Посетителите ќе имаат можност да купат и да дегустираат природен мед и други пчелини производи од локални производители.
„Идејата ни е да се приближиме до граѓаните и пред почетокот зимата да понудиме проверен и квалитетен мед. Сега почнува сезоната на вируси, поради што е неопходно почесто користење на пчелините производ, заради зајакнување на имунитетот. Најважно е граѓаните да знаат од кого купуваат мед, да се запознаат со нашите пчелари и да се уверат дека медот е природен. Сам така ќе успеат да го препознаат вештачкиот мед со сомнителен квалитет кој се продава во одредени продавници“, вели Бобан Стошевски, претседател на Здружението „Пчела“, кое го организира саемот.
Саемот ќе биде отворен од 10 до 20 часот.