Во Бељаковце поплавени куќи Крива река вчера попладне поплавила две куќи, една викендица и пат во селото Бељаковце, информираат од Регионален центар за управување со кризи.
Липково ќе избира ново општинско знаме На барање на советниците, општина Липково распиша конкурс за избор на ново општинско знаме.
Младите ќе реализираат проекти за помош на заедницата Триесетина ученици денеска во просториите на Црвен Крст, се запознаа со проектите за промоција на хумани вредности, како се изработуваат, документираат и како преку нив да се помогне на локалната заедница.
Во домот на кумановец најден хероин Во домот на С.А.(25) од Куманово кон крајот на минатиот месец е извршен претрес, при што се најдени дигитална вага и пакување со 2.5 грама хероин.
Почина писателот Драган Илиевски од Куманово Писателот Драган Илиевски од Куманово почина вчера во 53-тата година од животот, соопшти Друштвото на писателите на Македонија, јави Плусинфо.
Шаховски турнир во чест на Карпош Во клубот “Христијан Т.Карпош“ денеска се одржа шаховски турнир, по повод 71 година од загинувањето на херојот Карпош.
Гимназијата одбележа 143 години од раѓањето на Гоце Делчев Гимназијата “Гоце Делчев“ денеска одбележува 143 години од раѓањето на патронот.
Наредната недела ќе се примаат барања за штети од поплавите Од 9-ти до 16-ти февруари ќе се поднесуваат барања за проценка на штети од поплавите, кои во изминатите денови ги зафатија селата во општина Куманово.
Шеталиштето кај Скопски дуќани без осветлување Жителите и трговците кај т.н. Скопските дуќани, се жалат дека немаат улично осветлување.
Започна наставата во училиштата, заврши штрајкот на наставниците Од денеска наставата се одвива нормално во сите училишта, откако заврши штрајкот на наставниците.
Петмина повредени во сообраќајка на „Ругинска кривина„ Пет лица од Скопје, тешко се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка на м.в. „Ругинска кривина„ во атарот на селото Сув Ора.
Ќе се испитува квалитетот на водата во поплавените села Екипи од Центарот за јавно здравје од утре ќе одат на терен, за да го испитуваат квалитетот на водата за пиење во поплавените села.
Исчезнатата жена од Нагоричане се јавила од Србија Ј.Ц.(34) од селото Старо Нагоричане, која викендов беше пријавена за исчезната, се јавила на својот маж дека е во Србија.
Ваши писма: Во “Прмакови ниви“ се живее во 19-ти век Без никакви услови, заборавени од власта, граѓани секојдневието газат кал до колена, немаат канализација па користат полско веце, немаат интернет, кабелска телевизија....
Кривични за насилство за петмина кумановци Кумановската полиција поденесе кривични пријави против петмина кумановци, кои со безбол палки претепале двајца сограѓани.
Над 500 пензионери аплицирале за бесплатна бања Голем е интересот на кумановските пензионери за бесплатна бања, а помалку за бесплатен туристички викенд.