“Наце Буѓони“ со иновација пред Иванов По повод Светскиот ден на науката, Александар Милановски, ученик во Техничкото училиште “Наце Буѓони“ викендов учествуваше на изложбата “Наука на младите“ што ја организираше народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов.
Пуштена во употреба Турската чешма Турската чешма, донација од Ѓоксел Ѓумушдаг заменик - градоначалник на Истанбул со потекло од Куманово денеска беше свечено пуштена во употреба.
Празник на празот во Режановце Десетина производители на праз и четириесетина домаќинки учествуваа на годинешнава Празијада што викендов се одржа во дворот на црквата Свети Јован Опсечен во селото Режановце.
Бившите претседатели на Совет не ги канат на свечени седници Поранешниот претседател на Советот на Општина Куманово, Бранко Арсовски бара од локалната власт повеќе да ги почитува поранешните претседатели на Советот и да ги кани на свечените празнични седници.
Креативна работилница во ОУ “Вук Караџиќ“ Во ОУ “Вук Караџиќ“ утре ќе се оддржи креативна работилница по повод Месецот на книгата.
УЈП организира обука за е - даноци Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ на 13 месецов во 12 часот ќе се оддржи обука за е - даноци.
Свечена академија за Денот на градот Во чест на 69 годишнината од ослободувањето на Куманово денеска во Младинскиот културен центар се одржа Свечена академија на која беа презентирани проектите на Локалната самоуправа.
На Спомен Костурница одбележано ослободувањето на Куманово Бројни делегации од градот и од збратимените градови денеска положија свежо цвеќе на Спомен Костурница и со пригодна програма го одбележаа Денот на ослободувањето на Куманово од фашистичкиот окупатор.
Захариева: Неблагодарно е да доделевме само една Ноемвриска награда На обвинувањата од Коалицијата За подобра Македонија, за недоделувањето на Ноемвриска награда, одговори претседателката на Комисијата за доделување награди и признанија, Снежана Захариева, која вели дека сите предлози биле квалитетни, па не можеле да се одлучат за еден добитник.
Спречен шверц на 18.500 евра на Табановце На граничниот премин Табановце изминативе денови во два наврати е спречен шверц на девизи.
Честитка од Градоначалникот и Советот за 11 Ноември Градоначалникот Зоран Дамјановски и Советот на Општината Куманово, упатија честитка до граѓаните, по повод Денот на одлободување на Куманово - 11 Ноември.
Куманово честит празник Куманово денеска слави 69 години од ослободувањето. На 11 Ноември 1944 години партизаните извојувале голема победа над бугарската војска.
Членови на СДСМ отидоа во АПМ Цоки Ристовски, Бобан Милошевски и Елена Цветковска, влегоа во главниот одбор на Алијансата за позитивна Македонија.
Почина и жената повредена во вчерашната сообраќајка Л.С..(38) од селото Брзак им подлегна на повредите задобиени во вчерашната сообраќајна несреќа што се случи во близина на Агино село на автопатот Куманово-Скопје.