Мени

Бесплатниот превоз да продолжи до крајот на октомври, ќе чини 900.000 евра, предлага Општина Куманово

Бесплатниот превоз да продолжи до крајот на октомври, ќе чини 900.000 евра, предлага Општина Куманово

Субвенционирањето на градскиот превоз во Куманово да продолжи уште 4 месеци и да трае до крајот на октомври, предлага Општина Куманово преку Секторот за комунални работи, инфраструктура и сообраќај и заштита на животната средина и природата. 

Питачењето и децата на улица сериозен проблем за Куманово

Питачењето и децата на улица сериозен проблем за Куманово

Сами, во група или со родители, на жешко и на студ, испотени или премрзнати,  малолетни деца, најчесто од ромска националност, секојдневно питачат на улиците во Куманово. Наместо да се на училиште или во градинка, тие трчаат по автомобили или седат на тротоар и со пружени раце бараат  милост од возачите и од минувачите.

„Краста“ да се огради и да се постават камери за да не се пали, се договориле жителите на Пчиња и Општина Куманово

„Краста“ да се огради и да се постават камери за да не се пали, се договориле жителите на Пчиња и Општина Куманово

 Претставници од Општина Куманово, месната заедница на село Пчиња и ЈП „Чистота и зеленило“ се дел од работната група која ќе работи на решавање на проблемите кои се предизвикани од депонијата „Краста“, на која се изнесува сметот од Куманово.

Зa 18 години извршителите наплатиле речиси 2 милијарди евра долгови, само лани 160 милиони

Зa 18 години извршителите наплатиле речиси 2 милијарди евра долгови, само лани 160 милиони

Минатата година извршителите присилно наплатиле безмалку 160 милиони евра. Ова е втор најголем износ во нивната 18-годишна кариера, по рекордната 2017 година, кога со наплатата надминале 166 милиони евра, покажуваат податоците од Комората на извршители.

Поскапуваат и бензинот и дизел горивото

Поскапуваат и бензинот и дизел горивото

Од вечерва по полноќ се зголемуваат цените на нафтените деривати. Дизел горивото поскапува за 2,5 денари за литар, бензинот од 98 октани за 2 денари, додека „обичниот“ бензин поскапува за 1,5 денари за литар. Поскапуваат и нафтата за домаќинствата и мазутот.