Инфлацијата во 2023 година изнесувала 9,4 отсто Трошоците за живот во 2023 година пораснале за 9,4 отсто, додека малопродажните цени имале покачување од 7 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Промоција на книги од Сашо Кокаланов и Пламен Тотев во Куманово Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово утре со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на книгите „Среќните луѓе не слават родендени“ од Сашо Кокаланов и „Животот на литературната класика“ од Пламен Тотев.
Пешак загина во сообраќајка во населбата Карпош Педесет и деветогодишен кумановец загинал вечерва во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка во населба Карпош, во близина на т.н. Салон.
Намалување на цените на дел од горивата Намалување на цените за еден денар има кај дизел горивото и маслото за горење, Еуросупер 98 поевтинува за половина денар, додека Еуросупер 95 останува со истата цена.
Осуммина повредени при судир на полициски џип и „мерцедес“ во Белановце Осум лица се повредени, меѓу кои и тројца полицајци, во сообраќајна несреќа која се случила вчера во липковско.
Сојузот на борци организира превоз за одбележување на битката на Пелинце Сојузот на борци Куманово во петок 12 јануари ќе ја одбележи битката на Пелинце, во која загинале партизаните Ангел Лазаревски- Шајче и Трифун Ангеловски - Летеќи.
БЕЗ КОНТАКТ: Улице, кружни токови, велосипедски прстен?!?!? (видео) Во втората епизода на „Без контакт“, стенд - ап комичарот Мирослав Петковиќ, алиас „Чика Брко“ прашува по кој критериум се избираат и како се прават улиците во нашиот град, што стана со преостанатите три кружни тека, и колку е реално изборното ветување „велосипедски прстен“ да биде реализирано во Куманово.
Празници без нашите сакани Во деновите околу Нова година и Божиќ и пласираната идеја за празнична еуфорија, ми се чини дека сме најблиску до големиот американски сон.
Се асфалтираат улиците „Белановска“ и „Студена вода“ во Доброшане Започна асфалтирањето на улиците „Белановска“ и „Студена вода“ во селото Доброшане, кои се дел од програмата за инфраструктурни проекти на Општина Куманово.
На 3 километри од центарот на Куманово се закопуваат угинати свињи од африканска чума, крв тече од камионите, протестираат жителите на Речица Да се повлече одлуката за закопување на угинатите свињи од африканска чума на Аџитепе, бидејќи со тоа директно се загрозува здравјето и животната средина на пет населени места во општина Куманово, бараат жителите на кумановското село Речица, кои сами веќе неколку дена протестираат и се обидуваат да ги спречат понатамошните активности на надлежните служби.
Жителите на Речица на протест, бараат да запре закопувањето на угинатите свињи од африканска чума на Аџитепе Жителите на кумановското село Речица веќе неколку дена протестираат против одлуката на надлежните институции угинатите свињи од африканска чума да се закопуваат во близина на нивното село, поточно на земјиште до спортскиот аеродром Аџитепе.
Кумановските коледари го прославија Бадник По 24-ти пат се организираше народна прослава на Бадник од Здружението Коледари од Куманово. Традиционалното одбележување секоја година успева да собере голем број на посетители, па ни годинава не беше исклучок.
Спасовски присуствуваше на мултиетничко дружење на младите за Бадник Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска присуствуваше на мултиетничко празнување на големиот христијански празник Бадник, кое го организираше Средното училиште „Киро Бурназ“ во Куманово .
Бадник е ден на голема среќа, со празнична и богата, но посна трпеза (видео) Бадник е последен и најстрог ден од 40-дневнот божикниот пост, но и ден на голема среќа, бидејќи е предвесник на најголемиот христијански празник – Божиќ, денот на Христовото раѓање.
На фарма во Тромеѓа откриена африканска чума Во кумановското село Тромеѓа потврдено е присуство на африканска чума. Лабораториските наоди од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје покажале присуство на болеста африканска чума кај свињите.
Продолжуваат измамите со огревно дрво, овојпат жртва 74-годишен кумановец Во Кумановската полиција денеска во 13 часот, 74-годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 3.000 денари.