ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски не се грижи за селата Од ВМРО - ДПМНЕ обвинуваат дека актуелниот градоначалник Зоран Дамјановски за двата мандата не ги подобрил условите за живот во селата и ги заборавил руралните средини.
Ученици од Скопје одржаа концерт во Куманово Марио Јанковиќ на тромбон и Ѓорѓи Калајџиев на фагот, ученици во ДМБУЦ Илија Николовски-Луј од Скопје, синоќа одржаа концерт во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„.
Ја грабнал на сила, па и пукал во нозе А.А.(37) од населбата Тоде Мендол, кој завчера со пиштол пукаше во М.З.(27) на периферијата на Куманово, сеуште не е достапен за полицијата.
Се обучуваат невработени од Куманово и Благоевград Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија од Куманово и Алијансата за регионални граѓански иницијативи од Благоевград, денеска го презентираа проектот „Социјална кохезија преку инвестиција на човечки ресурси„, кој овозможува едукација на невработени лица од двата града.
Дамјановски вети нова административна зграда и шеталиште Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Зоран Дамајновски, денеска најави дека во новиот мандат ќе го изгради комплексот „Чоробенско ќоше„, а улицата “Ленинова“ ќе се преуреди во пешачка зона.
Кумановци се степале со секира за паркинг На паркингот во центарот на градот, вчера се степале таксист и неколку лица заради паркирање на возило.
Фото: Омилените детски ликови низ кумановските улици Маскирани во принцези, вештерки, војници, индијанци, каубојци и ликови од омилените бајки и цртани филмови, децата од градинките и учениците од основните училишта, денеска се прошетаа на Градскиот плоштад и по кумановските улици.
Ученици од “Сами Фрашери“ ќе даруваат крв Учениците од Гимназијата “Сами Фрашери“, утре ќе даруваат крв од 13.30 до 17 часот.
Изложба на карикатури “Струмица 2013“ Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, утре ќе биде отворена изложба на Меѓународниот фестивал на афоризми и карикатура “Струмица 2013“.
ВМРО-ДПМНЕ: Гласот на граѓанинот нема цена Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, ги отфрлаат наводите на шефот на изборниот штаб на СДСМ Оливер Спасовски, изнесени на вчерашната прес-конференција, дека вработени во државните институции ја злоупотребуваат својата позиција и вршат притисок врз граѓаните да гласаат за кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.
Наврнаа над 30 литри дожд - се излеа Пчиња Во текот на изминатите 24 часа во Куманово и кумановско, наврнаа 30,6 литри дожд на метар квадратен, што предизвика зголемен водостој на реките и излевање во некои села.
Три куршуми завршиле во нозете на девојката М.З.(27) од Куманово, денеска е ранета со три куршуми во нозете во месноста Менкова Колиба на периферијата на Куманово.
На Менкова колиба ранета девојка Девојка од Куманово е ранета на периферијата на Куманово, откако во неа било пукано со огнено оружје.
Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ ги заплашува и ги поткупува гласачите Шефот на изборниот штаб на СДСМ, пратеникот Оливер Спасовски, денеска обвини дека вработени во државните институции ја злоупотребуваат својата позиција и вршат притисок врз граѓаните да гласаат за кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.
Ќе заживеат ли студиите по геодезија? Министерот за образование, Панче Кралев денеска при посетата на Куманово објасни дека дисперзираните студии по геодезија не заживеале, бидејќи немало интерес од студентите.
ОУ “Јероним де Рада“ ќе добие спортска сала Министерот за образование, Панче Кралев денеска со кандидатот за градоначалник, Зоран Ѓорѓиевски го посетија ОУ “Јероним де Рада“ во Черкеско село, каде ветија изградба на спортска сала и реновирање на училиштето.