Средношколците можат да се вклучат во интернационалната кампања “Помалку отпад“ истражувајќи ги проблемите со отпадот во локалната заедница, влијанието врз растителниот, животинскиот свет, здравјето на луѓето, амбалажите кои се фрлаат и слично.
Стечајните работници денеска протестираа пред домовите на пратениците Јордан Пачков од ВМРО - ДПМНЕ и Иван Стоиљковиќ од ДПСМ, за да им укажат дека направиле грешка бидејќи не гласале Законот за стечајци.
Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски на сите граѓани од српска националност им го честита Свети Сава националниот празник на Србите во Република Македонија.
На сите граѓани од српска националност, општинската организација СДСМ им го честита прославувањето на денот на првиот српски архиепископ, светител и просветител Свети Сава.
Независниот синдикат на безбедносните структури, денеска одржа состанок во Куманово и пред членовите ја презентираше идејата за формирање на регионален синдикален совет, преку кој ќе се борат за поголеми работнички права.