Се одбележа загинувањето на Карпош Денеска во Куманово се одбележува годишнината од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош.
Одржан семинарот „Демократско учество„ Центарот за меѓукултурен дијалог ја организираше обуката за “Демократско учество” на која присуствуваа претставници од Совеот на Општина Куманово, Комисијата за односи помеѓу заедниците и претставници од граѓанскиот сектор. Обуката ја одржа Мирјана Најчевска.
Реизбран претседателот на хрватската заедница во Куманово Јаков Ламбаша е реизбран за претседател на кумановскиот огранок на Заедницата на Хрвати во Република Македонија, на редовното собрание што викендов се одржа во Центарот за култура.
„Мултиетничка култура“ низ храна Во организација на партнерските организации: „Сирма“, „Мајка“, „Кумановка“, „Коло на српските сестри“ и „Искреност“ утре во ресторанот НА-МА ќе се одржи манифестацијата „Мултиетничка култура“.
Кумановци го испратија Фуере Амбасадорот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере, на кој деновиве му истекува мандатот, ја прими плакетата од градоначалникот Зоран Дамјановски, како гостин на манифестацијата „Чваркијада„ што се одржа во негова чест во рекративниот центар во Пелинце.
Во сообраќајка повреден возач на сузуки На магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, кај пумпата „Лукс-оил„ во населбата Карпош, денеска напладне во тешка сообраќајна несреќа при судир на камион и автомобил, едно лице е повредено.
Следува период на потопло време Во државата денес ќе преовладува сончево со слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од деветтиот од 15 Целзиусов степен.
ВМРО-ДПМНЕ:Градоначалникот да каже ќе јаде ли живи луѓе? Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика градоначалникот Зоран Дамјановски да се изјасни по изјавите на потпретседателот на СДСМ, и негов близок пријател Зоран Заев, за партиските вработувања во општината, и за скандалозната изјава дека ќе јадат живи луѓе кога ќе дојдат на власт.
Општината ќе помогне на семејството што остана без куќа Општината Куманово ќе обезбеди парична помош и ќе го згрижи семејството Трајковски што остана без куќа , која изгоре до темел во голем пожар на улицата „Орце Николов„.
Одбележани 139 години од раѓањето на Гоце Делчев Пред бистата во двороте на гимназијата „ Гоце Делчев„ денеска беше одбележна 139 годинината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
На Табановце куче касна цариничка За еден месец, двајца цариници од граничниот премин Табановце се искасани од кучиња скитници, додека биле на работното место. И во двата одвоени случаи, С.К. и В.С. од Куманово вработените во Царинската управа завршиле во болница со повреди на телото, откако врз нив се нафрлиле бесните животни.
Фејсбук дисциплина Директорот на ЈП „Водовод„ Виктор Божиновски на необичен начин воведува ред и дисциплина во претпријатието.
„Чваркијада„ за Фуере Општината Куманово во чест на заминувањето на евро-амбасадорот Ерван Фуере ќе организира Чваркијада.
Ново Фото-студио во градот Куманово од вчера е побогато за уште едно совремно Фото студио. Браќата Драган и Дане Стојковски, отворија салон за професионални видео и фотограски услуги на своите сограѓани.
ВАШИ ПИСМА: Може ли да паркирам шпорет на плоштад? У овј град има много проблеми не само затој што некој у Општину не работи како што треба, него затој што његови граѓани немав основну културу!
Голем пожар пеплоса куќа Пожарот избувнал во 4 часот по полноќ од расипана термо печка, се проширил на мебелот и огнената стихија целосно ја пеплосала куќата.