Куманово остана без дежурна амбуланта ноќе Граѓаните на Куманово останаа без здравствена заштита во ноќните часови, за време на викендите и празниците затоа што во градот нема организирани дежурства во градот.
3,5 милиони евра за водовод и канализација во селските средини Сретствата во висина од 3,5 милиони евра што Општината Куманово ги доби за изградба на водоводнаи и канализациони системи од Европската банка за обнова и развој ќе бидат употребени за довршување на неколку селски мрежи.
Фото-робот на балкански политичар Идеалниот политичар би требало да биде згоден како Тадиќ, богат како Ѓукановиќ, ефикасен како Динкиќ, начитан како Јосиповиќ, националист како Додик, пишува белградска „Политика„.
Божиќни честитки од градоначалникот и претседателот на Совет Големиот христијански празник „Божиќ - Денот на Рождеството Христово“ на граѓаните им го честитаа градоначалникот и претседателот на Советот, и им посакаа добро здравје, благосостојба и добра мисла .
Бадников оган гореше на Плоштадот На Градскиот плоштад во Куманово синоќа беше запален Бадниковиот оган. На традиционалната манифестација што ја организираше општинската oрганизација на СДСМ присуствуваа неколку илјади кумановци.
Божиќни подароци за старите лица Старите лица сместени во Домот „Зафир Сајто„ денеска добија пакетчиња со овошје од членките на Клубот на жени на СДСМ.Пригодните подароци ги донираат по повод големиот христијански празник Божиќ, а оваа посета се реализира над 10 години.
Размислување на глас: Ароганција или квазипатриотизам? Почитуван советнику, многу ми е драго што мојата колумна “Ние сме народ”, Ве потикна на реакција, тоа значи дека Ве “удрив“ по нервот наречен “квазипатриотизам”.
Распоред на богослужби за претстојните празници Црковното настојателство при двата Градски храма го објави распоредот на богослужби по повод претстојните празници:
Водовод нема да плаќа поскапа вода на Водостопанство Директорот на ЈП „Водовод„ Виктор Божиновски ги отфрла изнесените информации од менаџерскиот тим на Вододстопанство „Кумановско-Липковско поле„ дека ќе мораат да плаќаат повисока цена за испорачаната сирова вода, затоа така одлучил Судот.
Кумановци очекуваат здравје и пари во Новата година Денеска, се сретнавме со неколкумина случајни минувачи - наши сограѓани на кои во името на kumanovonews им ја честитавме Новата година и Божиќ и им го поставивме вообичаеното прашање што очекуваат во Новата 2011.
Во среда бадникот тргнува од Табановце Здружението ,,Коледари‘‘ по единаесетти пат ја организира традиционалната прослава на Бадник, а овој пат прославата ќе започне од пред основното училиште „Браќа Рибар„ во селото Табановце.
Заглави проектот мини пречистителни станици Проектот за изградба на мали пречистителни станици за отпадни води во руралните средини заглави кај гаранција од државата.
Србин шверцувал 300 кила кафе 300 килограми кафе во зрно, откриле мобилните царински тимови при контрола на камион со српски регистарски ознаки.
На Нoва година за СМС потрошeни 1 милион евра Еден милион евра потрошиле граѓаните на Македонија за испраќање на СМС пораки со честитки за Новата година.
Прво па женско оваа година Светлана Димитровска (24) од Крива Паланка во 1.45 минути по полноќ донесе на свет здраво девојче, тешко 2.55 килограми и долго 47 см. на гинеколошкото одделение во Општата болница Куманово
Куманово како Бејрут од петарди Куманово татнеше од силни детонации од петарди и експлозии од топовски удари како да се војува, што ги вознемири и револтира граѓаните.