Четврти роденден на ЦИД На прослава на четвртиот роденден членовите и волонтерите ги претставија најзначајните активности што ги реализирале во изминатиот период и се заблагодарија на сите кои ги поддржуваа во изминатите години.
Вонредно собрание на инвалидските пензионери З дружението на инвалидските пензионери во кое членуваат над 1.000 граѓани на Куманово, пензионирани по основа на инвалидитет, во последно време се соочува со низа проблеми од организационо-правна природа поради неусогласеност на нивниот Статут со позитивните законски прописи.
ЗА НИВ НЕМА ЗИМА ! Мува не ги лази што ЕВН најави покачување на струјата за пет проценти, што зејтинот ,,скокна‘‘ од шеесет на деведесет денари, што Македонија нема море.
Јавни презентации на Предлог законот за дивоградби Министерството за транспорт и врски, од утре организира серија јавни презентации низ општините поради зголемениот интерес на граѓаните за пошироко информирање со Предлог законот за третман на бесправно изградени градби.
Жена во бесознание оставена на улица Н.К. (39) од Куманово, во бесознание била пронајдена покрај патот на ул.ЈНА во Куманово.
Денеска се слави Свети Никола Православните христијани денеска го празнуваат Свети Никола Чудотворец, светецот заштитник на децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, пекарите, аптекарите, трговците, патниците...
Приведени затоа што дивееле на спортски натпревар С.К.(20) и М.К.(16), и двајцата од Куманово се приведени во полициската станица во Велес поради нарушување јавниот ред и мир на спортски натпревар.
Размислување на глас: Како да си го купам дворот?! Вие, од Владата, пратете некој од армијата чиновници на државната администрација што седат дома а примаат плата нека дојде да ги разјасни дилемите на станарите околу откупот на дворовите.
Лажна надеж за азил во Западна Европа Последниот бран од наши граѓани кои минатиот месец беа вратени од Германија, Холандија и Белгија изманипулирани дека таму ќе добијат азил и соодветна социјална помош или вработување, беше тема на денешната трибина под наслов „Лажна надеж за азил„.
Куманово ќе добие пари за подобро водоснабдување Куманово и Старо Нагоричане ќе добијат 4,4 милиони евра од вкупно 49.3 милиони евра што Владата ги обезбеди за изградба на водоводни и канализациони мрежи во општините.
Дамјановски: Дивоградбите ќе се легализираат селективно Градоначалникот Зоран Дамјановски смета дека Законот за легализација на бесправно изградените објекти е селективен и дискриминаторски.
Дедо мраз во Куманово ќе пристигне со падобран Дедо Мраз,најпознатиот дедо на сите дечиња на 29 декември ќе пристигне со падобран на Градскиот плоштад во Куманово.
Паушален данок за самостојни дејности Граѓанинот кој обавува самостојна дејност (занаетчија, верско лице и др.), а кој не е во состојба да води деловни книги може паушално да го плаќа персоналниот данок на доход.
Реплика-контрареплика Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општината на последната седница на нож го дочекаа кварталниот извештај за материјално-финансиското работење на ЈП „Водовод„ и уште еднаш побараа оставка од директорот Виктор Божиновски, бидејќи сметаат дека претпријатието го води во пропаст.
Автобускиот сообраќај отежнат и со задоцнување Автобусите на автопревозните претпријатија Југ Турист, Штуз, Оли Травел и Јоцо-турс во градскиот, приградскиот и локалниот сообраќај се одвива во отежнати услови и со задоцнување поради неисчистените патишта и улици од снег.
Сообраќајот во регионот забавен - патиштата неисчистени Интензивните врнежи од снег предизвикаа проблеми и отежнато движење по регионалните патишта во северо-источниот регион.