Нoвинарите утре бираат ново раководство 458 редовни членови на ЗНМ ќе можат да учествуваат на Изборното собрание и да бираат еден од предложените кандидати за претседател и телата на здружението.
Градоначалниците од свероисточниот регион во посета на Киев Градоначалниците на општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, Старо нагоричане, Ранковце и Липково, заедно со координаторот на Центарот за северо-источениот плански регион од 9 до 12 декември ќе престојуваат во Киев, Украина.
Со обуки и преквалификација ќе се намалува невработеноста Сите, млади луѓе кои се заинтерсирани да се вклучат во новата програма, можат да се пријават во Бирото за вработување.
Републички противпожарен квиз натпревар Утре во Куманово ќе се одржи 26-от Републички противпожарен квиз натпревар.
Младите на ДПСМ на форум за млади лидери Представници на младите на Демократската партија на Србите во Македонија, учествуваа на Форум посветен на политичкиот дијалог на младите, а насловен како „Одговорно лидерство - како да станете подобар лидер.
Нема предвремени избори Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ доцна синоќа одлучил да не го прифати предлогот на опозицијата за предвремени парламентарни избори.
Опаец загина под превртен трактор Авдула Е.(43) од селото Опае, го загубил животот откако му се превртел тракторот што го управувал. Несреќата се случила вчера околу 16 часот во атарот на селото Руница на м.в.„Мокро Поле“, кога Авдула се враќал со дрва од планината.
Итна операција може да го врати слухот на Лука Двегодишниот Лука Трајковски од Куманово има тешко оштетување на слухот. На двете уши речиси воопшто не слуша, а постои опасност и да не прозбори ако не му се изврши итна операција.
Развој на туризмот шанса за северо-источниот регион Само организирано и плански може да се развие Северо-источниот регион и да се создадат услови за привлекување на домашни и странски туристи.
Демант и од Центарот за управување со кризи Центарот за управување со кризи ја демантира вчерашната изјава на градоначалникот Зоран Дамјановски, дека Владата не ги чисти речните корита во кумановско, поради што се предизвикаа поплави во селата Довезенце, Јачинце и Бељаковце.
Бајруш излегува од затвор Апелацискиот суд во Скопје ја прифатил гаранцијата од 1.400.000 евра, Сејдиу да замине од Шутка во домашен притвор.
Ваши писма: Признајте дека вработивте свои луѓе, не лажете го народот ( реакција на отпуштените работнички од Центарот за социјални работи на изјавата на пратеникот Петар Поп Арсов во текстот „ВМРО-ДПМНЕ не прави списоци за вработување„)
Демант од Водостопанство Директорот на Водостопанство Кумановско-Липковско Поле Куманово, Дејан Божиновски ги демантира информациите што вчера на прес конфернција ги изнесе градоначалникот Зоран Дамјановски, околу проблемот со чистење на коритата на реките што предизвикаа поплави во неколку села.
Стопанска банка и Т-Мобиле промовираат нови Е-Услуги Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија во соработка со Стопанска банка, на своите потрошувачи им нудат уште една креативна услуга, електронско плаќање на пост-пејд сметките.
Дамјановски: Владата не ги исчисти речните корита Локалната самоуправа без разлика што нема надлежност во регулација на речното корито, денеска ги посети поплавените места и направи увид на лице место, а на најзагрозените семејства ќе им помогне.
СДСМ: Импозантен беше митингот во Скопје Кумановската СДСМ денеска се заблагодари на своите членови, симпатизери и на сите граѓани за големиот одзив на протестниот марш „Доста е! Избори се за својата иднина„ и несебичната подршка што ја дадоа на партијата.