Македонија го слави Илинден Двата историски Илиндена - 107 години од Илинденското востание и 66 години од Првото заседание на АСНОМ денеска се слават со народни собири на Мечкин Камен во Крушево и во Меморијалниот комплекс АСНОМ во селото Пелинце.
Ѕид паднал врз градежни работници Повредените работниците биле пренесени во Ургентниот центав во Куманово, по што тројцата потешко повредени се префрлени во Клиничкиот центар во Скопје, а едниот е пуштен на домашно лекување.
Плоштадот - авто пазар Дел од Градскиот плоштад е претворен во авто пазар. На улицата „Гоце Делчев„ постојано се продаваат автомобили,главно со странски, или без регистарски таблички, кои се паркирани на плочникот и коловозот, и го попречуваат сообраќајот.
На Кокино изведен ритуал за раѓањето на светот Етно-музичарот Драган Даутовски со звуците на древната окарина, утрово во 6 часот го започна ритуалот во чест на митолошкиот постанок на светот, кој го изведувале праисториските луѓе.
АСНОМ се слави во Пелинце Прославата на 66-годишнината од Првото заседание на АСНОМ, која на 2 август ќе се одржи на Меморијалниот центар - Пелинце, a ќе се обрати претседателот Ѓорге Иванов.
Успешна крводарителска акција на СДСМ Во просториите на општинската организација на СДСМ денеска се одржа крводарителска акција по повод Илинден. Акцијата се организираше во соработка со Црвениот Крст и службата за трансфузиологија при Општа Болница Куманово.
Општината инсталира бесплатен интернет за граѓаните Општината Куманово наскоро ќе воведе безжичен интернет на две локации во градот. На Градскиот плоштад и Кејот на реката Кумановка, граѓаните за своите потреби ќе можат да користат бесплатен бежичен интернет.
Се асфалтира улицата „Поток Серава„ Се проширува и асфалтира улицата "Поток Серава" во должина од 1,5 километри. Во првата фаза ќе се изградат 700 метри, додека останатиот дел ќе се реализира до крајот на наредниот месец.
Понеделник неработен ден 2 Август, Денoт на Републиката, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Се гради анфитеатар во Пелинце Во Спортско-рекреативниот центар во Пелинце, во постоечката административна зграда при крај е изградба на анфитеатар. Објектот е наменет за организирање на трибини, семинири, конгреси и друг вид на културни и научни собири.
Честитка за Илинден од градоначалникот Градоначалникот Зоран Дамјановски на граѓаните на Куманово им го честиташе Илинден и ги покани во што поголем број да се приклучат на прославата во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
Супер Тинекс во поранешна „Мома„ Во просториите на поранешна „Мома„ вчера се отвори новиот хипермаркет на Тинекс. На површина од 1500 метри квадратни во објектот се сместени маркетот Супер Тинекс и дрогеријата Космо.
Крводарителска акција на СДСМ Општинската организација на СДСМ утре организира крводарителска акција по повод 2 Август-Илинден.
Се поставуваат лежечки полицајци На најфрекфентните улици во градот се поставуваат уреди за забавување на сообраќајот или т.н. лежечки полицајци.
Во Отља откриени насади со Канабис Четиристотини стебла марихуана запленила полицијата сабајлево во домот на И.З.(43) од селото Отља, Липковско. Тој одгледувал Канабис Сатива во дворот, а во куќата го сушел и пакувал.
Стечајците утре пред Собрание Стечајните работници од Здружението „УНИТ„ утре ќе протестираат пред Собранието.Tие најавуваат дека ќе ја блокираат улицата пред Собранието со цел да ја натераат власта да го реши нивниот социјален статус.