Повеќето граѓани на Куманово Новата година ќе ја дочекаат во домашен амбиент или на Градскиот плоштад. Поради економската криза и високите цени во рестораните, граѓаните се одлучуваат за прослава во друштво по...
Тие сред раскрсница симболично накитија елка, на која наместо лампиони ставија пораки до премиерот, „Влада во стечај Грујо на биро„ и „Нафатирана влада, гладен народ„.
ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција ја обвини локалната самоуправа и градоначалникот Зоран Дамјановски дека објавила конкурс за директор, без доказ за образование и работно искуство на кандидатот.
Општина Старо Нагоричане потпиша Договор за соработка со приватна високообразовна установа Меѓународен славјански институт „Г.Р.ДЕРЖАВИН“ Свети Николе.
Пратеничката Дарка Петрушевска денеска во Центарот за социјални работи подели пакетчиња на децата без родители сместени во згрижувачки семјства. Десетина дечиња денеска се израдуваа, и со песнички се заблагодарија за новогодишниот подарок.
Градоначалникот Зоран Дамјановски, денеска го посети детското одделение во Општата болница и Центарот на лица со попреченост до 18 години и на децата зедно со Дедо мраз, подели 80 новогодишни пакетчиња.
ВМРО-Народна партија синоќа организираше новогодишен коктел за своите членови и соработници. Присутните ги поздрави претседателката Елизабета Симоновска и генералниот секретар Миле Јакимовски.
Десетина дена екипи од ЈП Водостопанство „Кумановско-липковско поле„ работат на расчистување на поплавените терени во селата Довезенце, Јачинце, Бељакове и Клечовце, како и на речните корита реките Пчиња, Крива, Петрошница и Живуша.
На прес-конференција претседателот на Огранокот на ДПА и советник во Советот на општината Куманово Халил Куртиши го обвини градоначалникот Зоран Дамјановски дека води политика на двоен аршин во комуналната изградба и уредување...
Општинското раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката Дарка Петушевска денеска го посетија Центарот за лица со посебни потреби до 18 години и на децата им поделија новогодишни пакетчиња.
Демократската партија на Србите во Македонија синоќа одржа новогодишна седница, каде пред членовите зборуваа претседателот на органокот Бобан Јакимовиќ, претседателката на клубот на жени Емилија Томиќ, претседателот на младите Далибор Китановиќ и...