Во регионалната канцеларија на Народниот правобранител во Куманово, во изминатите 4 години биле пријавени само 4 случаи на дискриминација.Искуството покажало дека граѓаните немаат јасна слика за оваа појава, која е присутна во...
Локалната администрација на Старо Нагоричане работи на отварање на Туристичко-информативно биро, преку кое ќе се даде подршката на туризмот во Општината.
Непознати лица синоќа фрлиле рачна бомба пред приватната фирма „Ритрон“ на улицата Индустриска во Куманово. Кашикарата експлодирала пред врата на објектот и предизвикала само матерјална штета.
Поголем број граѓани на Куманово попладнево на Градскиот плоштад се собраа за да го поддржат протестниот собир за слободата на медиумите што го организираше А1 телевизија.
И.З.(41) од Куманово, кој пред два дена беше приведен во полицијата поради тоа што во подрум, нелегално произведувал масло за јадење ќе се брани од слобода.
Клубот на жени на СДСМ Куманово синоќа на трибина расправаше за македонското здравство, со кои проблеми се соочуваат вработените и пациентите кои се ставени во незавидна положба.
Погонот без елементарни хигиенски услови бил сместен сместен во визба на улицата „Титова Митровачка„ во Куманово, а сопственикот немал регистрирана фирма, ниту дозвола за производство и преработка на прехрамбени продукти.
Кумановската полиција, поднесе кривична пријава против Д.К. (42), Ј.М. (43) и Л.А. (43) сите управители на друштвото „Оптикал Нет„ Куманово, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување„.
Од јули идната година општините ќе менаџираат со државното градежно неизградено земјиште. Тоа значи дека целиот процес на отуѓување и давање под закуп на градежното земјиште ќе се води на локално ниво,...
Локалниот клуб на жени на СДСМ утре организира трибина насловена „По чија мерка е македонското здравство„.На трибината ќе бидат повеќе лекари специјалисти, кои се во Комисијата за здравство на општинската организација.
Досега никој од локалната или централната власт не поднел официјално барање до Министерството за образование за отварање на дисперзирани студии во Куманово.
Предлогот ќе биде доставен и до Советот на Општината, а како можни локации се предлагаат фудбалското игралиште на Кејот, игралиштето на основното училиште Крсте Мисирков или фудбалското игралиште кај Соколанскиот парк.