„Ние сме Европа“ - трибина на Владата во понеделник во Куманово Трибина под мотото „Ние сме Европа“, во организација на Владата, односно Секретаријатот за европски прашања е закажана за понеделник со почеток во 18 часот во Центарот за култура во Куманово.
Наместо да го разубави новогодишниот базар го нагрдува центарот на Куманово Започна поставувањето на тезгите на малиот градски плоштад во Куманово по повод новогодишните празници. Од она што може да се види пред Центарот за култура и оваа година наместо новогодишен базар ќе имаме панаѓур.
Во Куманово лични документи можат да се извадат и без закажување Во Одделението за управни работи Куманово можат да се извадат без претходно закажување на термин.
Преку проект за прекугранична соработка Куманово и Врање ќе добијат 310.000 евра за набавка на специјализирани возила Јавните претпријатија "Водовод“ од Куманово и Врање ќе набават специјализирани возила со кои ќе ја зголемат ефикасноста на услугите, но и заштитата на животната средина.
Уапсен 27-годишник осомничен за убиство во Крива Паланка С.Д.(27) од Крива Паланка е приведен од полицијата под сомнение дека го убил М.Д. (76) од Крива Паланка.
Започна новогодишната приказна на Крива Паланка за 2024 година (видео) Бројни лампиони, милиони разнобојни светилки, волшебни куќички, светлечки украси, елки...ги красат градскиот плоштад, градскиот парк и главната улица во Крива Паланка, како и плоштадот пред општинската зграда, создавајќи новогодишна магија за среќен почеток на Новата 2024 година.
Петок e неработен ден за сите граѓани „Свети Климент Охридски“, 8 декември (петок), е неработен ден за сите граѓани, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Во Турција е уaпсен Љупчо Палевски, осомничен за убиството на Вања Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, вчера е уапсен од турската полиција во градот Баликесир. При апсењето бил сам и не пружал отпор, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција.
Нерасчистени односи причина за вооружениот напад во Куманово Нерасчистени односи се причина за вооружениот напад во центарот на Куманово, во кое едно лице е повредено и пренесено на лекување во Скопските клиники.
Пукање во центарот на Куманово, едно лице повредено Едно лице е повредено откако во него било пукано попладнево на ул. Борис Кидрич, во центарот на Куманово.
Дури 99 отсто од малолетниците кои експериментираат со опојни дроги стануваат зависници, укажуваат лекарите Во просториите на Занаетчискиот дом во Куманово се организираше дводневна трибина со учениците од основните и средните училишта од Куманово, како дел од проектот „Едуцирај,информирај превенирај“. Организатор е општинската организација на Црвен Крст Куманово, а повод одбележување на месецот на борба против болестите на зависност.
Граѓаните го подготвуваат буџетот за 2024 година на Општина Крива Паланка(видео) Општина Крива Паланка и годинава подготвува граѓански буџет за 2024 година, а за таа цел спроведува буџетски форум на кој граѓаните идентификуват приоритети и даваат предлози за годишните програми.
Приведен додека шверцувал стока на илегален премин во државата Полициски службеници од граничен премин Белановце синоќа во 21 часот привеле 44 - годишен жител на с.Черкези, кумановско, кога се обидеувал на див премин да прошеврцува производи без документација.
Со бекатон се поплочува улицата 14 во Бабин Дол При крај е поставувањето на бекатонски плочки на улицата 14 во населбата Бабин Дол. На ред е се граничците покрај оградите на куќите и мал дел на највисоката точка од улицата, каде треба да се интервенира на водоводната мрежа.
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за ноември Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец ноември 2023 година.
Воведување на Комунална полиција и зајакнување на Пожарникарските служби приоритети на општините Предизвиците со финансирањето на противпожарните единици и формирање на комунална полиција, беа дел од барањата за кои се расправаше на седницата на генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), што се одржа во Скопје.
Кога безбедноста станува политичка тема, а етничката поделба - политички капитал? Во Македонија често можете да слушнете како се зборува за меѓуетничките односи и политичката стабилност,... м-р Муарем Шакировски - Ганди