Монодрамата „Избувливиот човек“ вечерва во Центарот на култура во Куманово Монодрамата „Избувливиот човек” со Ефтим Трајчов во режија на Перо Даниловски ќе гостува вечерва во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Претставата е работена по раскази на Антон Павлович Чехов. Започнува во 19 часот а влезот е слободен за сите заинтересирани.
За девет месеци четири лица загинале во сообраќајни несреќи со трактор Во првите девет месеци од годината четири лица загинале во сообраќајни несреќи со трактори, од нив двајца се возачи на трактори, а двајца сопатници.
Некст тајм, Лозано, Сара Јо и Тајзи ќе пејат за 11 Ноември во Куманово Општина Куманово годинава ќе организира два концерти на градскиот плоштад, по повод 11 Ноември - Денот на ослободување на Куманово.
„Снежана на крајот умира“ од утре игра во МКЦ „Козјак“ Куманово Во Младинскиот културен центар - кино „Козјак“, од утре (вторник) ќе се прикажува македонскиот игран филм „Снежана на крајот умира“ од Кристијан Ристески.
Димитриевски со честитка за Денот на македонската револуционерна борба Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски го честиташе „Денот на македонската револуционерна борба – 23 Oктомври“ на сите граѓани, истакнувајќи дека на овој ден се потсетуваме на пожртвуваноста и упорноста на нашите претци, на големата борбата за слобода и независност на Македонија.
Ученичка од Крива Паланка победник на ликовниот конкурс за промоција на хумани вредности Лора Христовска, ученичка во ООУ„Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка е државен победник на ликовниот конкурс на тема „Промоција на хумани вредности (ПХВ), што го организира Црвениот крст на Македонија.
Масовна тепачка на малолетници пред средно училиште во Куманово Три лица се повредени во тепачка, која се случила вчера околу 13 часот пред средно училиште во Куманово. Во тепечката биле користени метални предмети, учествувале соученици од Куманово и Слупчане.
Куманово како најголема општина 5 години нема мамограф, потсетија од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Најсигурниот начин за сигурно и рано детектирање и дијагностицирање на ракот на дојка е преглед на мамографот, кој во јавното здравство во Куманово го нема веќе 5 години, потсетија денеска членките на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово на Градскиот плоштад, по повод месецот за подигање на свеста за борба против ракот на дојката.
Советниците од власта гласаа против да се стави точка на дневен ред за парична помош на првачињата Мнозинството на Советот на Општина Куманово, вчера не даде поддршка на предлогот на советникот Дејан Ивановски од СДСМ, на дневен ред да се најде точка за исплата на парична помош од 3000 денари на секое семејство кое има прваче.
Продолжува протестот во Љубодраг, сточарите бараат средба со надлежните Сточарите од селата Љубодраг, Умин Дол и Ново Село, денеска од 10 до 12 часот повторно го блокираа стариот пат Куманово - Скопје, барајќи да се сретнат со надлежните за да им објаснат зошто сакаат да ги уништат свињите кои не се позитивни на африканска чума.
Мартин Захариев поднесе оставка на советничката функција Советникот од советничката листа на коалицијата на СДСМ Мартин Захариев, поднесе оставка на функцијата, поради вработување во странство.
Дарко Петковски нов советник во Советот на Општина Куманово Дарко Петковски - Спејко од листата на „ За наше Куманово„ е нов советник во Советот на Општина Куманово.
110 - годишнината од Кумановската битка ќе се одбележи во недела на Зебрњак Во недела во 12 часот на Спомен костурницата „Зебрњак“ ќе се одбележи 110 годишнината Кумановската битка, која се случила на 23 и 24 октомври 1912 година во близина на Куманово.
Понеделник неработен ден за сите граѓани 23 Октомври - Денот на македонската револуционарна борба е неработен ден за сите граѓани.
Кој дозволи да работи базен кој не е технички исправен, праша Јовановски Координаторот на советничката група на СДСМ, Александар Јовановски, денеска ги праша надлежните во Општина Куманово, кој дозволил да работи затворениот базен, ако привиот човек на претпријатието Даниел Стојчевски тврди дека тој е технички неисправен.
Во пожар повредена жителка на Оризаре Четириесет годишна жена е повредена во пожар во куќа во липковското село Оризаре.