Изложба „Ченто – биографија низ фотографија“ во Кумановскиот музеј Во просториите на Музеј Куманово утре во 12 часот ќе биде поставена изложбата „ЧЕНТО – БИОГРАФИЈА НИЗ ФОТОГРАФИЈА“ од авторот Рубинчо Белчески, историчар – кустос советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп.
Делови од градот и неколку села денеска и утре без струја Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе имаат потрошувачите од неколку кумановски населби и села.
Кој ќе понесе одговорност за сите недоследности и проблеми во образованието, праша ВМРО-ДПМНЕ До каде сте со печатењето на учебниците за основно и средно образование? Учебната година отпочна одамна, но Вие, како по обичај и овојпат создадовте хаотични и безизлезни состојби во образованието.
Во Куманово одбележан Меѓународниот ден на учителот: Ние сме оние што родителски се грижиме за иднината на нашите ученици Здружението на одделенски наставници „Учител“ со низа активности го одбележа 5 Октомври - Светскиот ден на учителот. Во Куманово и во другите градови во земјата се одржаа литературни и ликовни работилници во училиштата, поетски читања во библиотеките, посети на општините, како и индивуални активности во секое одделение.
Африканска чума потврдена во Долно Којнаре, вонредни испитувања во Умин Дол, Љубодраг и Ново Село Во селото Долно Којнаре, африканска чума е регистрирана и лабораториски потврдена во едно одгледувалиште со 26 животни, каде се угинати две животни.
Отворен е повикот за доделување на Ноемвриска награда на Општина Куманово Ноемвриската награда- највисокото општествено признание во градот ќе се доделува и годинава по повод 11 Ноември - Денот на ослободувањето на Куманово од фашистичкиот окупатор. По тој повод отворен е повик за предлагање на истакнати поединци, претпријатија, организации, здруженија и заедници кои имаат посебни постигнувања во одделни области.
Кумановци освоија златни медали на Интернaционално натпреварување за бодибилдинг во Битола Марио Петровски (23) и Дарио Трајковски (18), двајцата од Куманово, освоија златни медали на Интернеционалното натпреварување за бодибилдинг „Паљо класик“, кој викендов се одржа во Битола.
Се уредува плочникот пред зградите на „Ленинова“ Интензивно се уредува јавната површина на ул. „Ленинова“. Пред еден месец се отстранија неколкуте времени објекти за да се постават полуподземни контејнери, а сега се поплочува пристапот пред зградите со бекатон плочки.
Aфриканска чума откриена кај животно фрлено на депонија, се проверува неговото потекло Откриена е африканска чума кај животно кое било фрлено на дивата депонија во село Никуштак . Поради тоа Агенцијата за храна и ветеринарство и другите надлежни институции преземаат мерки за да се открие потеклото на животното и да спречи ширењето на болеста.
Флекс Кредит одржа Трговска конференција на која присуствуваа над 150 вработени Компанијата Флекс Кредит постојано работи на развој на мотивациони програми за вработените, како што велат и од менаџментот на компанијата, веруваат дека само целосно задоволен вработен може да биде мотивиран, продуктивен и да расте и напредува заедно со компанијата.
Се пошумува паркот на Спомен костурницата Ученици од Техничкото училиште „Наце Буѓони“, денеска го пошумуваа паркот на Спомен костурницата, како дел од еколошката акција „Куманово мој зелен дом“, која има за цел да ја подигне еколошката свест на граѓаните.
Бензините и дизелот од полноќ со повисока цена Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар по литар, дизелот поскапува за 1,5, а екстра лесното масло за домаќинството за два денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,20 отсто.
Казнети 167 возачи - возеле брзо, пијани и без дозвола Во полициска контрола за викенд санкционирани се 167 возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи на подрачјето на СВР Куманово.
Анализа: 3,4 милиони евра профит собрале лани извршителите Речиси 3,4 милиони евра профит направиле лани 99 извршители, колку што ги има во државава, ексклузивно за „Пари“, открија од Комората на извршители. Добивките се движат од само 1.821 денари (најмалата) до дури 8.019.304 денари, или над 130.000 евра (најголема добивка).
Становите во Куманово се продаваат од 750 до 1100 евра, зголемени за 60 отсто од пред две години Инфлацијата, економската криза и зголемената куповна моќ на граѓани кои работеле во странство, ги зголемија цените на недвижнини во градот. Во споредба од пред 2019 година сега има зголемување и од 60 отсто и моменталната цена се движи од 750 евра па се до 1100 евра по метар квадратен.
Пронајдено е безживотното тело на момчето од Куманово кое со автомобил падна во Вардар Во реката Вардар е најдено телото на Ердон Рамадани (22) од Куманово, кој на 27 септември со автомобилот излета од автопатот Тетово-Скопје и падна во Вардар.