Продолжува реконструкцијата на училиштето „11 Октомври“ Продолжува реконструкцијата на зградата на ОУ „11 Октомври“во Куманово, преку проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и реконструкција на основни и средни училишта во Македонија“, кој го спроведува Министерството за образование и наука.
Повторно се разгоре огнот кај Ловечки дом Денеска околу 14 часот повторно се разгоре огнот кај Ловечкиот дом кој синоќа беше изгаснат, а предизвикан е од големо електрично празнење.
Бензините поевтини за 1, дизелот за 1,5 денари Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,89%, со што бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за еден, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,5 денар.
Удари од гром предизвикаа пожари во Проевце и кај Градските гробишта Големи пожари настанаа синоќа околу 20 часот како последица на електрични празнења од невремето што кратко го зафати Куманово.
Гореше објект со огревно дрво и трупци во Стрезовце Во голем пожар вчера изгорел помошен објект полн со огревни дрва и трупци, кој потоа се проширил и ја зафатил околната нискостеблеста шума на површина од три хектари во село Стрезовце.
Притворени разбојниците кои украле две торби со пари во различни валути Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица од скопско Студеничани за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Разбојништво предвидено во член 237 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
Расчистено разбојништво во Куманово, кривична пријава и притвор против три лица Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, по преземени мерки и активности, расчистија кривично дело „разбојништво“ извршено на 23.02.2022 во Куманово, при што од едно лице биле одземени 3.745.000 денари во различни валути, а СВР Куманово против три лица поднесе кривична пријава по чл.237 од Кривичниот законик.
Објавен јавен повик за финансирање на социјални услуги во општините Министерството за труд и социјалната политика(МТСП) објави јавен повик со кој ги повикува општините, во партнерство со даватели на социјални услуги согласно Законот за социјална заштита, да аплицираат за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво.
МВР предупредува за зачестени компјутерски измами со криптовалути Се почести се измамите во кои граѓаните остануваат без илјадници евра и криптовалути, како да се заштитат граѓаните советува МВР .
Девојка од кумановско загина од струен удар на бaзен 22-годишна девојка од кумановско загинала од струен удар, откако излегла од базен и го зела мобилниот телефон кој се полнел. Несреќата се случила ноќеска по полноќ, додека девојката била на забава во Скопје.
Бранко Ракиќ нов началник на СВР Куманово Бранко Ракиќ е новиот началник на СВР Куманово. Тој неделава е назначен за прв човек на кумановската полиција со решение на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Голф“ удрил во „мерцедес“ и „рено“ - четворица повредени на улица „Железничка“ Четири лица се повредени во сообраќајна незгода што вчера претпладне се случила на ул. „Железничка“ во Куманово.
Повреден мотоциклист на патот Куманово - Крива Паланка Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово - Крива Паланка.
Еден починат од ковид и уште 53 позитивни во Куманово Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.631 тестови, а регистрирани се нови 788 случаи на ковид-19.
Жена од Гиновци намерно си ја запалила сопствената куќа Кривична пријава против Д.А.(35) од с.Гиновци, општина Ранковце, поднесе Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност".
Во Куманово уште 39 позитивни на коронавирус Во Куманово направени се 44 тестирања во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ), регистирани се 39 позитивни, 18 оздравени и активни болни 166 .