Георгиевска реизбрана за претседателка на локалниот Форум на жени на СДСМ Куманово Јасмина Георгиевска е повторно избрана за претседателка на локалниот Форум на жени на општинската организација на СДСМ Куманово. Георгиевска е именувана од претседателката на Форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска.
Денови на комедија од годинава со натпреварувачки карактер - на репертоар 12 претстави од регионот Меѓународниот театарски фестивал – Денови на комедијата во Куманово од оваа година ќе биде со натпреварувачки карактер. Претставите ќе ги оценува стручно жири избрано од советот, кое ќе прогласи најдобра претстава, женска и машка улога, потоа сценографија, костимографија и режија.
Владата да го отпише долгот од 2,5 милиони евра на „Водовод“ кон „Водостопанство“ како во другите градови, бара Советот на Куманово Кумановскиот Совет бара од Владата да го отпише стариот долгот на ЈП „Водовод“ кон АД „Водостопанство“ во висина од 151 милион денари (околу 2,5 милиони евра) за да се одблокира сметката на претпријатието и тоа да може нормално да функционира.
Овчар пукал со пушка кон кучиња, погодил и повредил човек Овчар пукал со воздушна пушка кон кучиња и повредил случаен минувач во селото Војник, општина Старо Нагоричане.
Бесплатен влез во Кумановскиот музеј на 8 Септември Со бесплатен влез, НУ Музеј Куманово ќе го одбележи 8 Септември - Денот на независноста на Македонија.
Претставата „Ковачи“ вечерва во Центарот за култура Новата претстава „Ковачи“ од Алек Попов, во режија на Деан Дамјановски, вечерва (вторник) во 20 часот ќе биде изведена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев” во Куманово.
Приведена Србинка, крадела во маркет во Куманово Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 15.30 часот ја лишиле од слобода Д.А.(34) од Република Србија, затоа што . се сомничи дека во текот на денот извршила кражба во маркет на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово.
Пукна водоводна цевка на „Никола Тесла“ и ја поплави улицата Пукната азбесна цевка ја поплави улицата „Никола Тесла“. Жителите кажуваат дека цевката пукнала утринава околу 5.30 часот, а од тротоарот излегувал гејзер од вода.
Иван Димитриевски нов претседател на УМС на ВМРО – ДПМНЕ Куманово Иван Димитриевски е избран за нов претседател на УМС на ВМРО – ДПМНЕ ОК Куманово, одлучи извршниот комитет што се одржа викендов. Тој е магистер по бизнис и администрација на Универзитетот Лондон Метрополитен.
Поевтинуваат бензините за два, дизелот за 1,5 денари Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и на еуросупер БС-98 од полноќ се намалуваат за 2 денара по литар, а на еуродизел (Д-Е V) за 1,5 денари. За три денари поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), соопшти Регулаторната комисијата за енергетика.
Над 95% од кумановските матични лекари се приклучија на протестот, се примаат само итните случаи Над 95 отсто од приватните лекари во Куманово се приклучија на тридневен протест со кој се бара зголемување на капитацискиот бод поради порастот на трошоците на животот.
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за август Започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2022 година, информира Министерството за труд и социјална политика(МТСП).
8 Септември - Денот на независноста на Македонија неработен ден за сите граѓани 8 Септември, четврток, Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Кумановец осомничен за обид за убиство, неговиот син му помагал Основното јавно обвинителство Куманово започна истрага против 74-годишен кумановец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – убиство во обид, како и против неговиот 35-годишен син, осомничен за помагање при извршувањето на наведеното кривично дело.
101 година од раѓањето на Христијан Тодоровски – Карпош Денеска се одбележуваат 101 година од раѓањето на народниот херој на Македонија Христијан Тодоровски – Карпош.
Премиера на претставата „Ковачи“ утревечер во Центарот за култура Претставата „Ковачи” во режија на Деан Дамјановски, работена по сценарио на бугарскиот автор Алек Попов, а во изведба на актерската екипа на Театар Куманово, утревечер премиерно ќе биде изведена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев” во Куманово.