Започна со работа градскиот базен, кој го затворијa високите цени на гасот и струјата По пауза од 3,5 месеци, повторно започна со работа затворениот градски базен во Куманово.
Нападнат вработен во Кумановската болница Вработен на Одделението за рентген и дијагностика, синоќа бил нападнат на работното место.
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за април Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец април 2022 година.
Изложба на Дејвид Стоилковски во Куманово Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко прокопиев“ – Куманово, утревечер со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложба на слики со наслов „Домашна атмосфера“ од авторот Дејвид Стоилковски.
Новинарите мора да имаат подобри услови за работа, порача Димитриевски Новинарите мора да имаат подобри услови за работа кадешто ќе можат слободно и без никакви притисоци, навреди и уцени да ја извршуваат својата професионална обврска, порача градоначалникот Максим Димитриевски, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите - 3 мај.
Ново зголемување на цените на горивата - бензините за 2 денари, дизелот за 1,5 денар Регулаторната комисија за енергетика најави дека вечерва по полноќ поскапуваат нафтените деривати. Бензинот поскапува за 2 денари по литар, а дизелот за 1,5 денари. Станува збор за 1,73 отсто зголемување на малопродажните цени на горивата.
Ќе се реконструира училиштето во Љубодраг Оваа недела ќе започне реконструкцијата и училишната зграда на подрачното основно училиште „Карпош“ во кумановското село Љубодраг.
„Обичната Ели“ во режија на Лавинија Софрониевска најдобар домашен филм на Фестивалот „ФИЛМАЈ“ Познати добитниците на наградите на Фестивалот „ФИЛМАЈ“, кратките филмови ќе бидат прикажани пред публиката на 2 јуни во Куманово
Српски државјани повредени во сообраќајка на автопатот кај Романовце Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје, во атарот на селото Романовце.
За 5 часа откриени 25 возачи во алкохолизирана состојба На подрачјето на СВР Куманово, вчера од 17.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што се санкционирани 25 прекршители на законот.
„Полицијата во служба на граѓаните“-свеченост во Крива Паланка за Денот на полицијата Под мотото „МВР за граѓаните“, денеска, на Градскиот стадион во Крива Паланка се одржа свеченост по повод Денот на македонската полиција- 7 Мај, со која се демонстрираше концептот „Полицијата во служба на граѓаните“.
За да се заштитат од крадци граѓаните да не се фалат на социјалните мрежи каде патуваат, апелира Кумановската полиција Во пресрет на Првомајските празници граѓаните да внимаваат што објавуваат на социјалните мрежи и да не са фалат каде ќе патуваат на празничниот викенд, да не им дадат повод на крадците да ги посетат додека не се дома.
Jавните претпријатија ја добија механизацијата за која Општина Куманово се задолжи милион евра Пристигна дел од техничката помош во механизација за јавните претпријатија „Водовод“, „Куманово Гас“ и „Чистота и зеленило“, за коишто Општина Куманово пред 1,5 година зема кредит од Светската банка за обнова и развој.
Димитриевски најавува изградба на споменик на бранителите во Куманово Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски најави изградба на спомен обележје за бранителите од конфликтот во 2001 година и припадниците на МВР кои загинаа во вооружениот напад во населбата Диво Насеље во 2015 година во Куманово.
Учениците од утре се враќаат на настава, штрајкот во образованието ставен во мирување Учениците од утре продолжуваат со настава, Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) го става штрајкот во мирување. Причина за ваквата одлука на СОНК е добиеното известување од Министерството за труд и социјална политика за мирно решевање на работните спорови.
Промовиран романот „Теофил Kоњокрадец“ на Милош Стаменковиќ Во присуство на голем број на кумановци, претставници од културниот и општествениот живот, луѓе од власта и опозицијата, на еден неформален начин, синоќа во Центарот за култура беше промовиран новиот роман „Теофил Коњокрадец“ на кумановецот Милош Стаменковиќ.