Објавен јавен повик за финансирање на социјални услуги во општините Министерството за труд и социјалната политика(МТСП) објави јавен повик со кој ги повикува општините, во партнерство со даватели на социјални услуги согласно Законот за социјална заштита, да аплицираат за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво.
МВР предупредува за зачестени компјутерски измами со криптовалути Се почести се измамите во кои граѓаните остануваат без илјадници евра и криптовалути, како да се заштитат граѓаните советува МВР .
Девојка од кумановско загина од струен удар на бaзен 22-годишна девојка од кумановско загинала од струен удар, откако излегла од базен и го зела мобилниот телефон кој се полнел. Несреќата се случила ноќеска по полноќ, додека девојката била на забава во Скопје.
Бранко Ракиќ нов началник на СВР Куманово Бранко Ракиќ е новиот началник на СВР Куманово. Тој неделава е назначен за прв човек на кумановската полиција со решение на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Голф“ удрил во „мерцедес“ и „рено“ - четворица повредени на улица „Железничка“ Четири лица се повредени во сообраќајна незгода што вчера претпладне се случила на ул. „Железничка“ во Куманово.
Повреден мотоциклист на патот Куманово - Крива Паланка Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово - Крива Паланка.
Еден починат од ковид и уште 53 позитивни во Куманово Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.631 тестови, а регистрирани се нови 788 случаи на ковид-19.
Жена од Гиновци намерно си ја запалила сопствената куќа Кривична пријава против Д.А.(35) од с.Гиновци, општина Ранковце, поднесе Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност".
Во Куманово уште 39 позитивни на коронавирус Во Куманово направени се 44 тестирања во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ), регистирани се 39 позитивни, 18 оздравени и активни болни 166 .
Отворен меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово 2022“ Во присуство на голем број на љубители на фолклорот, но и на бројни учесници од културно-уметничките друштва и ансамбли од Македонија, Србија, Бугарија, Мексико и Полска, синоќа на платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, беше отворено третото издание на Меѓународен фолклорен фестивал „Куманово 2022“.
Во петок авионско прскање против комарци во Куманово Општина Куманово во петок ќе прска против комарци. Авионското прскање ќе се врши рано наутро. Ако временските услови не дозволуваат дезинсекција, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.
Кумановската полиција апелира да не се користи оружје на семејни веселби СВР Куманово ги повикува граѓаните да се воздржат од пукање со оружје, како и од неовластено организирање огномети, за време на семејните веселби.
Куќа во Средорек се користи како верски објект - граѓаните се жалат на голема бучава Приватна куќа во населбата Средорек неколку месеци се користи како верски објект, од каде преку разглас се повикуваат верници на молитва и се пуштаат цели молитвени беседи.
Татко физички го нападнал синот, добил пријава Кумановец е приведен во полицијата затоа што физички се пресметал со неговиот син.
Јавните претпријатија бараат помош од Владата за да не ги покачат цените на услугите, ѓубрарината во Куманово веќе зголемена за 50 oтсто Јавните комунални претпријатија од земјава бараат Владата да им помогне во справувањето со последиците од економската криза која се чувствува и во нивното работење, во спротивно се закануваат дека ќе мора да ги покачат цените на услугите што ги нудат.
За три дена уште 39 позитивни на ковид-19 во Куманово Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена регистрирани се 899 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.466 тестови.