Повисоки сметки за ѓубре ќе плаќаат граѓаните на Куманово Цените на услугите за собирање и транспортирање на комунален отпад на правните и физички лица во Општина Куманово ќе се зголеми од 10 до 50 насто.
Стан во Куманово ќе чини како на „Београд на води“, вели Јакимовиќ Новата одлука со којашто што се намалува процентот на искористеност на градежното земјиште и катноста на станбени згради ќе ја зголеми цената на становите во Куманово, сметаат дел од советниците кои се противат на новото решение.
Намален процентот на искористеност на земјиштето за изградба на висококатници во Куманово Наместо до 50 отсто, отсега процентот на искористеност на земјиштето за изградба на висококатници во Куманово ќе биде 30 отсто. Останатиот простор ќе се користи за зелени површини и паркинг.
Уште 27 позитивни на коронавирус во Куманово Во Куманово има 103 активно болни од ковид-19. Во текот на вчерашниот ден рестрирани се нови 27 случаи, од 44 тестирани во Центарот за јавно здравје во Куманово.
Советот ќе ја продолжи седницата што ja прекина при дополнување на дневниот ред Денеска ќе се одржи 11-тата седница на Советот на Општина Куманово, која минатата недела „заглави“ при дополувањето на дневниот ред со нови точки, а по дадената пауза немаше кворум да се продолжи со работа.
Повисоки цени за собирање на смет бара ЈП „Чистота и зеленило“ Од 10 до 50 отсто да се зголемат цените на услугите за собирање и транспортирање на комунален отпад на правните и физички лица во Општина Куманово, бара ЈП „Чистота и зеленило“.
Заменик-шефот на мисијата на Американската амбасада, Ерик Мејер во посета на Куманово Заменик-шефот на мисијата на Амбасадата на САД во Скопје, Ерик Мејер, шефот на политичко-економската канцеларија Кристофер Зимер, политичкиот советник Рејчел Калинс и Кристина Каранакова политички аналитичар во американската амбасада, денеска присуствувале на состанок на Локалниот совет за превенција(ЛСП) и Акцискиот тим во заедницата за превенција и спречување на насилен екстремизам, кој се одржал во Општина Куманово.
За три дена 20 нови случаи на ковид-19 во Куманово Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 08.07 до 10.07.2022) направени се 1.869 тестови, а регистрирани се 520 нови случаи на ковид-19.
Двајца повредени - воз удрил во автомобил на пругата во Романовце Две лица се повредени откако воз удрил во автомобил на железничката пруга во село Романовце.
Големо реотварање на дрогеријата на dm во Куманово со -15% попуст на апсолутно се`...и на веќе намалените производи Големото реотворање на реновираната дрогерија, од компанијата го најавија за 14-ти јули, а по тој повод се најавени попусти од -15% на апсолутно сѐ...и на веќе намалените производи! Попустите ќе траат 3 дена, од 14.7 до 16.7.2022 година.
Играорците од „Панче Пешев“ ја воодушевија велинградската публика Културно - уметничкото друштво „Панче Пешев“ од Куманово учествуваше на 49-тите Денови на култура во Велинград, Република Бугарија. Играорците се претставија со кореографии на ората „Кумановски сплет“ и „Источна Македонија“, со кои ја воодушевија велинградската публика.
Коруптивни спреги во урбанизмот: ДУП-ови за приватни интереси, надзор по дампинг-цени! Урбанизмот и градежништвото се мапирани како најподложна област за корупција, поради економските интереси, политичките притисоци, правните празнини. Урбанистичките планови се повеќе го забораваат јавниот интерес, па во нив доминираат планови за бензински пумпи, винарии, фотоволтаици. Неколку планерски куќи во државата добиваат монополска позиција, а многу општини си имаат свои „миленичиња“. Надзор над градбата, пак, вршат компании за суми од еден денар, без никаква економска логика. И ова укажува на постоење коруптивен синџир меѓу планерите, инвеститорите, изведувачите, надзорот, државните институции на локално и национално ниво.
Без струја села во Куманово и Крива Паланка, одрони на патот кон Кратово Како последица на синоќешното невреме без напојување со електрична енергија се потрошувачите на повеќе села во кумановско и кривопаланечко, соопштува Регионалиот центар за управување со кризи (РЦУК).
Честитка од градоначалникот Димитриевски за Курбан бајрам Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски на сите граѓани од исламска вероисповед им го честита големиот муслимански празник Курбан бајрам.
Во Куманово наврна 52 литри дожд, поплавени повеќе улици Во изминатите 24 часа најмногу дожд во државата наврна во Куманово, дури 52 литри на метар квадратен.
Кумановец во викендичка криел дрога и мигранти Кумановската полиција при претрес на викендичка во Куманово пронашла 7 пакувања со дрога и 10 мигранти.