Општина Куманово започна со дистрибуција на решенијата за данок на имот за физички лица за 2022 година. Решенијата се доставуваат преку пошта на домашна адреса, а постапката треба да заврши до крајот...
Во Занаетчискиот дом во Куманово утре (сабота) ќе се одржи третата по ред Гитаријада, на која ќе настапи легендарната македонска група „Мизар“. Вечерта ќе ја отворат Курсд Харт и Номад.
Продолжување на добрата соработка и поголема транспарентност во интерес на јавноста беше договорена на брифингот на новинарите од локалните медиуми и дописниците со новиот началник на Кумановската полиција, Бранко Ракиќ.
Од почетокот на годината во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово регистрирани се два нови случаи на новозаразени од ХИВ/СИДА. Новоинфицираните се од Куманово и Крива Паланка.
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово организираше трибина во Занаетчискиот дом во Куманово на тема „Кажи НЕ на насилството над жената и семејното насилство“. Трибината се одржа по повод меѓународна кампања...
Од ноќеска по полноќ ќе се намали цената на дизел горивото за 2 денари по литар. Цените на останатите горива не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, синоќа во Куманово на трибината „Силно и одлучно кон иднината“, пред членовите и и коалиционите партнери дадe отчет за сработеното во изминатите 10 месеци, и...
Кумановци беа прелажани од подлата игра на Максим Димитриевски и ВМРО-ДПМНЕ. Затоа на наредните избори ќе ја исправиме грешката и ќе го вратиме СДСМ на пиедесталот, а Димитриевки и ВМРО ќе ги...
По две години ќе отпочне постапката за реконструкција на кровот на зградата на основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“ во Куманово. На вчерашната седница Владата го прифати предлогот на Министерството за...
Еден полицаец е повреден во вчерашниот пожар што избувнал во една од собите во притворското одделение во Казнено поправната установан „Куманово“, затвор К'шање. Полицаецот е задржан во Кумановската болница поради вдишан чад...
Миле Андоновски од Партијата на пензионерите од денеска е нов член во Советот на Општина Куманово. Тој доаѓа на местото на Мартин Захариев од СДСМ, кој поднесе оставка поради преселба во странство.
Цената на природниот гас се зголемила за 3-пати во однос на декември минатата година, заради што голем дел од корисниците ги откажаа услугите на ЈП Куманово гас.
Во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации утре ќе се одржи 15. седница на Совет на Општина Куманово. На дневен ред се 27 точки, меѓу кои финансиски извештаи...