Мени

Над 600 полицајци ангажирани во последното деноноќие за гаснење и превенирање на пожарите

Над 600 полицајци ангажирани во последното деноноќие за гаснење и превенирање на пожарите

МВР ангажираше 641 полициски службеник, вклучувајќи ги и припадниците на сите специјални единици на полицијата, во изминатото деноноќие заради активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија.  

Наредниот викенд ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово“

Наредниот викенд ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово“

Финишираат подготовките за Вториот меѓународен фолклорен фестивал „Куманово“, кој ќе се оддржи наредниот викенд на 20, 21 и 22 август пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. На манифестацијата ќе учествуваат околу 500 фолклористи од пет странски ансамбли од Грузија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Бугарија, како и шест од нашата земја, два од Скопје, Битола, Гевгелија, Вевчани и домаќините од Куманово.

Уште 43 новозаболени од коронавирус во Куманово

Уште 43 новозаболени од коронавирус во Куманово

Во последните 24 часа направени се 6.770 тестирање, а регистрирани се 672 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје – 230, Тетово – 115, Гостивар – 101, Куманово – 43, Кичево – 37, Струмица – 36, Охрид – 20, Струга – 13, Битола и Дебар – по 9, Штип – 8, Кавадарци и Кочани – по 7, Велес и Ресен – по 6, Прилеп – 5, Македонски Брод – 4, Радовиш, Виница и Валандово – по 3, Берово и Пехчево – по 2, Свети Николе, Крива Паланка и Делчево – по 1.

Скејт парк и кино најмногу им недостасуваат на младите кумановци (видео)

Скејт парк и кино најмногу им недостасуваат на младите кумановци (видео)

Места за адреналински спортови и за културни настани, како и паркови за прошетки и рекреација најмногу им недостасуваат на младите кумановчани, како ресурси што би влијаеле на подобрување на квалитетот на живот и збогатување на понудата за младите од оваа општина. Тие велат дека многу малку се вклучени во креирањето на програмите за млади и бараат да бидат консултирани при носењето на одлуки за развој на младински политики за да придонесат за позитивни промени во заедницата.

Заврши реконструкцијата на поранешниот хотел „Солун“ во Куманово

Заврши реконструкцијата на поранешниот хотел „Солун“ во Куманово

Објектот во којашто се наоѓал некогашниот хотел „Солун“ на ул. Иво Лола Рибар, а е дел од културното наследство на Општина Куманово целосно е реновиран и ќе добие нова функција. Тој во иднина ќе се користи како место на кое граѓаните и туристите ќе имаат можност да се информираат за туристичкиот потенцијал на општината.

Кога завршува една пандемија?

Кога завршува една пандемија?

Веќе година ипол трае непредвидената и катастрофална ситуација, која од корен го смени начинот на нашето секојдневно функционирање. Заборавивме како изгледа допирот на оние кои најмногу ни значат, сите планови стојат на стаклени нози исвесни сме дека единственото нешто што е сигурно е неизвесноста. Нештата можат да се променат во секунда, слободата ни стои под знак прашалник, па единственото прашање кое би ги решило сите наши дилеми одеднаш е „Кога сето ова ќе заврши?“

Во Куманово 34 новозаболени и петмина оздравени од коронавирус

Во Куманово 34 новозаболени и петмина оздравени од коронавирус

Во последните 24 часа направени 5.390 тестирање, а регистрирани се 639 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје – 218, Тетово – 113, Гостивар – 99, Струмица – 37, Куманово – 34, Кичево – 32, Битола – 17, Струга – 16, Дебар – 9, Велес и Охрид – по 8, Прилеп ,Кавадарци и Берово – по 6, Штип ,Ресен и Македонски Брод – по 5, Валандово – 4, Кочани – 3, Радовиш и Делчево – по 2, Неготино,Крива Паланка , Виница и Демир Капија – по 1.

Учебната година започнува на први септември, досега вакциниран околу 60% од кадарот, велат од МОН

Учебната година започнува на први септември, досега вакциниран околу 60% од кадарот, велат од МОН

Министерството за образование и наука интензивно се подготвува за започнување на новата учебна година од 1 септември, во услови на пандемија преку пристап со кој ќе се обезбеди непречено одвивање на наставата, но и заштита на јавното здравје.

Неславни бројки: За една недела од пожари изгоре неколкукратно повеќе шума во споредба со цела 2020 година

Неславни бројки: За една недела од пожари изгоре неколкукратно повеќе шума во споредба со цела 2020 година

Од десетината активни пожари на територијата на целата земја е зафатена површина од најмалку 2.500 хектари само во моментов, покажуваат податоците на Центарот за управување со кризи.

Новозаразени 35 и 6 оздравени лица од ковид-19 во Куманово

Новозаразени 35 и 6 оздравени лица од ковид-19 во Куманово

Во последните 24 часа се направени 5.809 тестирање, а регистрирани се 518 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје – 179, Тетово – 96, Гостивар – 65, Куманово – 35, Кичево – 29, Струга – 20, Битола – 14, Охрид и Струмица – по 11, Дебар – 10, Кавадарци - 7, Велес – 6, Кочани – 5, Прилеп и Берово –  по 4, Штип, Виница и Македонски Брод – по 3, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево иПехчево – по 2, Крива Паланка, Пробиштип и Демир Капија – по 1.