Мени

Голем интерес кај младите за упис во средните стручни училишта во Куманово и Крива Паланка

Голем интерес кај младите за упис во средните стручни училишта во Куманово и Крива Паланка

Во рамки на кампањата за промоција на средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“ која ја спроведува Министерството за образование и наука со поддршка од Швајцарската амбасада во Скопје, денес беа организирани отворени денови на стручните училишта во општините Куманово и Крива Паланка. Посетеноста на училиштата од страна на идните средношколци, покажува дека интересот за стручното образование се зголемува и дека тоа ќе биде прва опција и за младите од овие, но и од дел од околните општини.

Ќе се проверува информацијата за увоз и користење на токсични нафтени деривати, велат од Владата

Ќе се проверува информацијата за увоз и користење на токсични нафтени деривати, велат од Владата

Владата на вчерашната седница дискутираше и ја оцени како вонредна и итна информацијата објавена во јавноста од страна на Истражувачката репортерска лабораторија - ИРЛ за постоење сомневања дека во одреден период во земјата биле увезувани токсични нафтени деривати опасни по здравјето и животната средина, кои при увоз влегувале како мазут и како што објави ИРЛ се користеле како гориво за греење во повеќе државни институции, но и како гориво во приватни компании во земјава.

Полицискиот час да остане од полноќ до 4 часот, предлага Комисијата за заразни болести

Полицискиот час да остане од полноќ до 4 часот, предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок предлага да останат на сила веќе постоечките рестриктивни мерки – забрана за движење од полноќ до 4 часот наутро и работа на угостителските објекти до 23.30 часот.