Мени

Еден починат и 93 нови случаи на ковид-19 во Куманово

Еден починат и 93 нови случаи на ковид-19 во Куманово

Во последните 24 часа регистрирани се 1.082 нови случаи на ковид-19, а направени се 5.982 тестирањe. По градови во: Скопје – 406, Куманово – 93, Тетово – 87, Гостивар – 72, Струмица – 70, Кичево – 57, Прилеп и Велес – по 32, Кавадарци, Охрид и Струга – по 24, Битола – 23, Штип – 21, Радовиш – 18, Ресен – 15, Кочани – 14, Гевгелија и Делчево – по 9, Свети Николе, Крива Паланка и Виница – по 7, Дебар – 6, Македонски Брод – 5, Неготино и Кратово – по 4, Валандово – 3, Пробиштип, Крушево и Македонска Каменица – по 2, Богданци,Пехчево и Дојран – по 1.

Младите и општината во заедничка акција за уредување на адреналински парк (видео)

Младите и општината во заедничка акција за уредување на адреналински парк (видео)

Општина Куманово одреди локација за изградба на парк за адреналински спортови, кој ќе биде дел од комплексот покрај Спортската сала во Куманово. Иницијативата за изградба на скејт парк во градот е на невладината младинска организација „Скејтленд“, која работи на збогатување на културниот и спортскиот живот во градот. 

Две независни листи за советници од граѓански иницијативи собираат потписи во Куманово

Две независни листи за советници од граѓански иницијативи собираат потписи во Куманово

Граѓанската иницијатива „Фронт за урбано Куманово“ и Граѓанската независна листа „За чисто и хумано Куманово“, собираат потписи за советнички листа во Советот на Општината Куманово за локалните избори. Носител на листитата на „Фронт за урбано Куманово“ е Милош Стаменковиќ, а на „За чисто и хумано Куманово“ Сузана Ѓорѓевиќ.

СДСМ не го објави кадидатот за градоначалник на Куманово - ќе прави дополнителни анализи кој е најдобар

СДСМ не го објави кадидатот за градоначалник на Куманово - ќе прави дополнителни анализи кој е најдобар

Анализите во останатите општини остануваат и во следните денови, ќе има нов состанок на извршниот одбор и до крајот на месецот верувам дека ќе ја заокружиме целата кадровска понуда, изјави денеска потпретседателот на СДСМ Љупчо Николовски, по објавувањето на нови 12 кандидати за градоначалници, меѓу кои не се најде кандидатот за Куманово. 

Утре седница на Совет - на дневен ред 83 точки

Утре седница на Совет - на дневен ред 83 точки

 Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се дури 83 точки, од кои најголем дел се годишни и квартални извештаи за деловно и финсиско работење на јавните претпријатија и основните и средни училишта, како и годишни планови за вработување во претпријатијата и училиштата.  

Од денеска нафтените деривати поевтини за 1,58 отсто

Од денеска нафтените деривати поевтини за 1,58 отсто

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одлучи да ги намали малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,58 %. Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за еден денар по литар, а малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се намалува за 1,5 денар за еден литар.

Штипскиот хуманитарец Аце Георгиевски и тајфата мајстoри реновираа изгорена куќа на семејство во Куманово

Штипскиот хуманитарец Аце Георгиевски и тајфата мајстoри реновираа изгорена куќа на семејство во Куманово

Единаесетгодишната Мишела и нејзината баба Мирјана Зафировска од Куманово, повеќе од година и пол живееле во рушевини од нивната куќа која во центарот на Куманово изгорела во пожар. Вчера, Мирјана и Мишела, која од малечка била напуштена од родителите, ги добија клучевите од комплетно реновираната куќа која целосно е опремена со нова покуќнина.