Мени

Објавен трет конкурс за реонски попишувачи, за Куманово слободни 59 места

Објавен трет конкурс за реонски попишувачи, за Куманово слободни 59 места

Државниот завод за статистика денеска објави трет дополнителен јавен конкурс за ангажирање на реонски попишувачи, кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија.

Состојбата со коронавирусот во Куманово е повеќе од алармантна, вели градоначалникот Димитриевски

Состојбата со коронавирусот во Куманово е повеќе од алармантна, вели градоначалникот Димитриевски

Во Куманово досега се регистрирани околу 5400 позитивни случаи, а 151 кумановец ја изгубил битката со коронавирусот. На ковид одделенијата во Кумановската болница хоспитализирани се 54 лица, уште 50 болни ги користат услуги на дневната болници. Во моментов има само 21 слободен кревет во ковид центрите.

До крајот на годината „Куманово-паркинг“ ќе добие ново пајак возило

До крајот на годината „Куманово-паркинг“ ќе добие ново пајак возило

Со пари од Светската банка, Општина Куманово за потребите на ЈП „Куманово-паркинг“, во септември ќе купи ново пајак возило кое ќе се користи за подигање на непрописно паркираните возила, по улиците и јавните површини во градот.

Државата ќе издвои 1,5 милијарда денари за новите мерки за вработување, кажа Мургашанска

Државата ќе издвои 1,5 милијарда денари за новите мерки за вработување, кажа Мургашанска

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот оваа година изнесува 1,5 милијарди денари и со него ќе бидат опфатени 10.279 лица, кажа Атина Мургашанска, претседателка на Советот на Општина Куманово, на денешната прес-конференција.

Утре продолжение на педесет и третата седница на Советот на Општина Куманово

Утре продолжение на педесет и третата седница на Советот на Општина Куманово

Во големата сала на зградата на поранешните општествено-политички организации, утре во 10 часот ќе продолжи педесет и третата седница на Советот на Општина Куманово. Седницата беше прекината во четвртокот, откако беа усвоени точките за: годишен и финансиски извештај за работа, како и план за нови вработувања во Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово и завршна сметка на Буџетот на Општина Куманово за 2020 година.

Забрана за работа на асфалтна база во Куманово заради прекумерно загадување на воздухот

Забрана за работа на асфалтна база во Куманово заради прекумерно загадување на воздухот

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) ја затвори асфалтната база на „Кооп инженеринг“ ДОО во Куманово во рок од 30 дена и даде обврска да пострави филтер за да го намали загадувањето на воздухот.