Наташа Додевска наградена за невестинска и вечерна фризура во Софија Сопственичката на фризерското студио „Нате“ од Куманово, Наташа Додевска, освои две награди на 23-от Меѓународен фестивал на фризури и коса, во Софија, Бугарија.
Разбојник украл телефон на девојка од Куманово, веднаш бил фатен Кумановска била мета на разбојник, кој и го одзел мобилниот телефон на автобуска постојка во Скопје, а крадецот е фатен од страна на полицијата.
Бислимска клисура ќе стане зимски качувачки центар - денеска се одржува првиот маратон Македонската спортско качувачка федерација(МСКФ) и Спортско качувачкиот клуб Карпош, денеска организираат алпинистички маратон во Бислимска клисура во близина на Куманово, спортски настан, кој треба да го претстави Бислим пред качувачката заедница на Македонија.
Приведени четворица кумановци за издржување на затворски казни Полицијата приведе четири лица од Куманово коишто треба да издржуваат затворски казни од една до пет ипол години.
Еден починат и 22 новозаболени од коронавирус во Куманово Во Центарот за јавно здравје во Куманово, во изминатото деноноќие регистрирани се 22 новозаболени, еден пациент починал од коронавирус.
Во Куманово 21 новозаболен од коронавирус Во последните 24 часа направени се 2306 тестирања, а регистрирани се 438 нови случаи на ковид-19.
Кумановецот Филип Насковски победник на државниот MOS натпревар, ќе ја претставува земјата на светското првенство во Америка Филип Насковски од Техничкото училиште „Наце Буѓони” од Куманово е македонски претставник на интернационалниот MOS натпревар, кој наредната година ќе се одржи во Орландо, Флорида.
Захариев: 884 студенти и 347 ученици ќе добијат надомест за приватно сместување Заради намалениот капацитет во домовите, студентите и средношколците чии барања биле одобрени, а не можат да бидат сместени, ќе имаат можност да одберат месечен надомест за покривање на трошоците за приватно сместување или да одберат надомест на трошоците за превоз од местото на живеење до местото на студирање.
Забрана на сите настани, работно време до 23 часот и редуциран јавен превоз, најави Филипче Целосна забрана на секакви настани, работно време на економските оператори во 23 часот и редуцирање на јавен превоз до 50 посто, се дел од мерките на Комисијата за заразни болести кои ќе ги предложи до Владата во понеделник.
Приведен кумановец за доиздржување затворска казнa од три години Врз основа на судска наредба полицијата вчера во 21.45 часот го привеле Ф.З.(26) од Куманово заради доиздржување на казна затвор од две години и 11 месеци во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.
Премиера на детската претстава „Трнорушка“ во Кумановскиот театар „Трнорушка“ е нова детска претстава во режија на Бојана Краљевска, која вечерва премиерно во 17 и 19 часот ќе биде изведена во Театар Куманово.
Во Куманово прваче позитивно на коронавирус, учителката и неговите другарчиња во изолација Учителка и 30 ученици од прво одделение од основното училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово се во изолација, откако нивно другарче е позитивно на ковид-19.
Еден починат и 17 новозаболени од коронавирус во Куманово, рекордни 535 во државата Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 535 нови случаи од ковид-19 , а направени се 2445 тестирања.
Сузбиена организирана криминална група што криумчарела мигранти, приведени 10 лица Полициски специјалци денес извршија претреси во 10 објекти лоцирани на подрачје на Гевгелија, Скопје, Штип и Куманово, а приведени се 10 лица, додека еден веќе издржува мерка притвор, за претходно сторено кривично дело „криумчарење на мигранти".
Штефица Ујчиќ од Куманово меѓу добитниците на признанието просветен работник на годината Признанието просветен работник на годината за учебната 2019/2020 година го добија професорите: Штефица Ујчик од гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово, Добри Јовевски од Крива Паланка, Марјан Радески од Охрид и педагогот Маринела Бошева од Скопје.
Изложба на Зоран Арсовски во Истанбул Академскиот ликовен уметник Зоран Арсовски - Бабата, со изложба насловена „Космички бумеранг” ќе се претстави пред турската публика.