Со максимална институционална и лична одговорност ќе се справиме со корона вирусот, рече премиерот Спасовски Со максимална институционална и лична одговорност и организираност ќе ја надминеме оваа состојба и ќе се справиме со корона вирусот ефикасно и успешно, истакна претседателот на Владата Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција на која информираше за состојбата во општините Дебар и Центар Жупа по воведувањето на мерката кризна состојба во тој регион.
Тешко повреден мигрант од струен удар додека бил на цистерна од воз На Железничка станица Табановце, вчера во 15.10 часот, на цистерна од товарен воз со тешки телесни повреди од струен удар се здобило едно лице - мигрант, кое било качено на цистерната.
Се чисти коритото на Којнарка При крај е чистeњето на реката Којнарка од ул. „Доне Божинов“ до селото Горно Којнаре, во должина од близу 4 км.
Мерки и препораки за заштита и превенција од коронавирусот КОВИД-19 е нов вирус од фамилијата Коронавирус, првично откриен во Кина во декември 2019 година. Вирусот е причинител на акутно вирусно респираторно заболување. Преносот од човек на човек е можен, преку допир и преку капков пат (кивање, кашлање и слично).
Документите ќе се издаваат електронски, за да не се оди во институциите Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска апелираше до граѓаните за услуги и консултации во институциите да се обраќаат по електронски пат, со цел да се намали посетата на институциите.
Четири нови случаи на коронaвирус Четири нови случаи на корона вирус се потврдени во Македонија, информираше министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција.
Осма жртва од експлозијата со плинска боца во Романовце е 10-годишно дете Почина 10-годишно дете кое се здоби со 70 отсто изгореници во експлозијата со плинска боца во село Романовце, Куманово. Ова е осма жртва од експлозијата.
Нема да се одложат парламентарните избори Нема да се одложат парламентарните избори на 12 април, само до 24 март нема да се спроведуваат големи митинзи, едногласно одлучиле политичките партии на лидерската средба во Владата.
Петнаесет мерки против коронавирус добиваат правна основа Владатa донесе одлука со која сите мерки за превенција и спречување на ширење на коронавирус добиваат правна основа за нивно спроведување.
Зоран Павловски кандидат за пратеник на ЛДП од Куманово Зоран Павловски од Куманово, државен секретар во Министерството за економија, е кандидат за пратени на ЛДП на листата на коалицијата на СДСМ во Втората изборна единица.
Денс Студио Мак од Куманово освои четири награди на натпреварување во Москва Членовитe на Денс Студио Мак од Куманово, постигнаа извонредни резултати на Европско првенство во модерни и спортски танци во Москва, Русија.
МТСП: Препораките важат за сите, ќе следат казни за прекршителите Министерството за труд и социјална политика(МТСП) ги повикува сите работодавачи и сите вработени строго да се придружуваат до мерките кои Владата ги донесе за превенција од ширење на болеста на коронавирусот.
Општина Куманово нема да прима странки до 24 март, комуникацијата ќе се одвива по телефон или електронски Општина Куманово од утре (петок), па до 24 март, нема да врши прием на странки во сите сектори и одделенија на општината, поради состојбата со корона вирусот, согласно мерките и препораките на Владата.
Триесет и деветта седница на Совет Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница на Совет. На дневен ред се 33 точки.
Кафаните да работат до 18 часот со преполовен капацитет, најави Филипче Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека ќе побара да се усвојат нови мерки за заштита од коронавирус.
МТСП ја објави листата со хронични болести за ослободување од работа поради корнавирусот Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека согласно дополнителните мерки, активности и препораки на Владата за превенција од ширење на болеста КОВИД-19, следните категории на лица треба да бидат ослободени од работа и работни активности, врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби: