Прочистувачи на воздух ќе се постават во градинките и училиштата Општина Куманово доби 27 прочистувачи на воздух, за потребите на образовните институции.
Верижен судир на неколку возила на автопатот, едно лице повредено Во сообраќајна незгода на автопатот Куманово - Табановце едно лице е повредено, откако дошло до верижен судир на четири автомобили.
Куманово ќе добие 5,4 милиони денари за замена на системот за греење во три јавни објекти Владата ќе одобри 5,4 милиони денари за замена на постоечките загадувачки системи за греење во градинката „Пчелка“, во основното училиште „Браќа Миладиновци“ и во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
Прогласени најдобрите литературни творби на српски јазик на конкурсот „Вук Караџик“ Избрани се најдобрите литературни творби на конкурсот „Вук Караџик“ на слободна тема на српски јазик, за учениците од основните училишта во Македонија, кој го распиша Обединета српска заедница Куманово(ОСЗК).
Отворена изложбата „Кумановска ликовна сцена“ Во Уметничката галерија на Куманово, синоќа беше отворена изложбата „Кумановска ликовна сцена“, која претставува ретроспективна изложба на делата на кумановските уметници од колекцијата на Уметничката галерија.
СДСМ: Го решивме деценискиот проблем со стечајните работници Над 1200 стечајни работници од Куманово и 11000 од целатата држава, добиваат надомест од 8200 денари, откако оваа Влада го донесе Закон за стечајни работници, беше речено на денешната прес конференција на општинската организација на СДСМ Куманово.
Полицијата со детали за измамата на адвокатката СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Ф.(40) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Кумановка уапсена на Табановце, се наоѓала на „стоп листа“ Жена од Куманово, вчера била уапсена на граница додека се обидувала да излезе од државата.
Поведена постапка против кумановска адвокатка за измама Основното јавно обвинителство Куманово поведе истражна постапка против адвокатка од Куманово, под сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
ВМРО-ДПМНЕ со протест ги пречека премиерот и министрите во Куманово Членови и симпатизери на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва протестираа пред Занаетчискиот дом, додека се одржуваше владината седница.
Со владините седници во општините поблиску до граѓаните, рече Заев Премиерот Зоран Заев, кажа дека владините седници се одржуваат надвор од Скопје, затоа што така Владата е поблиска до граѓаните. На вечерашнава седница во Куманово, покрај министрите учествуваа и градоначалниците од Североисточниот регион.
Нападнал полицајци додека интервенирале во неговиот дом Кумановец е уапсен затоа што нападнал полицајци додека интервенирале во неговиот дом. Нападот се случил вчера на ул.„30-ти Јули“ во Куманово.
Министерот Трајан Димковски ја посети млекарницата „Бучен Козјак“ Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, денеска ја посети млекарницата „Бучен Козјак“, каде со менаџерскиот тим разговараше за развојот на млекарницата, како и за сите предизвици со коишто се соочува компанија во областа на сточарскиoт сектор.
Потпишанa спогодбa за отворање на заеднички граничен премин Лојане-Миратовац Mинистрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Оливер Спасовски и Небојша Стефановиќ, денеска потпишаа спогодна за отворање на заеднички граничен премин Лојане-Миратовац, на македонско-српската граница.
Кумановската болница доби нова медицинска опрема Ендоскопски столб и видео ларингоскоп, се два нови апарати коишто Министерството за здравство, ги набави за потребите на Општата болница во Куманово.
Посетете ја книжарницата Просветно дело во Куманово Просветно дело е бренд кој опстојува повеќе од 70 години и опслужува генерации и генерации задоволни клиенти од најмала возраст до најстари лица.